Австралиска инфлуенсерка се жали на „реалноста“ на одморот во Италија: „Умирам да си одам дома“

23-годишната Микела Теста, која се разбира дека е сензација на OnlyFans, се пожали за реалноста на одморот во Италија пред нејзините 2,4 милиони следбеници.

 

Инфлуенсерката сподели монтажа од нејзиниот ден на италијанскиот остров Капри, со детали за острата реалност што таа и нејзините пријатели ја доживеале.

 

Теста не се воздржуваше за нејзините фрустрации, искрено велејќи во видеото „Ако не си во Европа ова лето и навистина си тажен поради тоа, немој да бидеш, те молам. Не е сè што треба да биде“.

 

Таа потоа им даде на своите следбеници список со негативни страни на живописното место, од случајно сопнување на мртва мачка, долга прошетка по погрешен пат повеќе од 15 минути и справување со угнетувачката медитеранска топлина на високото лето. Најверојатно само во Европа има мачки и само во Европа можеш да го утнеш патот.

„Потребен е цел ден да пешачите до локацијата каде што сакате да одите. Чувствувам дека има многу работи…инфлуенсери доаѓаат на овие локации и прават да изгледаат толку неверојатно, толку убаво и толку фотогенично, но половина од тоа е уредено и филтрирано и не е реално“, се жали Теста.

 

Над снимката од неа и нејзините пријатели на јахта на брегот на Капри, таа продолжи.

„Едвај гледам некој да спомнува негативности, дури и не сакам да ги спомнам затоа што не сакам да бидам таа кучка. Поминаа три месеци, ние само умираме да си одиме дома во овој момент, се мразиме, само сме негативни, доаѓаш до момент во животот кога почнуваш да мразиш сè околу тебе и само ти треба нешто стабилно. Како мојот кревет, мојот телевизор и моите мачки“, рече таа.

Чудно на тоа што го работи би рекле дека има кондиција, ама па ете многу одење ѝ дошло.

 

  • BokiBodiGard напиша:

    Глупава курвичка шо си го презентира газо онлајн и шо не знаа как да ужива у моменто. Смрдла.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *