„Конор МекГрегор се претвора во Бритни Спирс!“ Ирецот објави, па веднаш избриша провокативно видео, кое се фокусира на неговото меѓуножје и ги „разбуди“ гласините за неговата лоша психичка состојба
Фановите се плашат за суперѕвездата, Конор Мек Грегор, откако тој објави, а потоа брзо избриша бизарна снимка на која вежба во долна облека, фрлајќи сомнеж за неговата психичка состојба.
Ирецот (35) ја постави чудната снимка на својот „Инстаграм“ профил – кој има над 45 милиони следбеници – во средата наутро.
Во клипот, Мек Грегор може да се види како вози на стационарен велосипед во сини гаќички на „Версаче“, додека хит песната на Роберт Палмер „Simply Irresistible“ одекнува во позадина. Тој постојано ја навалува камерата надолу за да се фокусира на неговото меѓуножје. Поранешниот шампион на УФЦ, исто така, е без својата позната брада во клипот, кој луѓето го нарекоа „Американски психо II“.
Неколку коментатори го обвинија Мек Грегор дека користел недозволени дроги – тврдење што други борци го сугерираа додека Ирецот поминуваше подолг временски период надвор од рингот, по сериозната повреда на ногата.
Мек Грегор, чиј последен меч во УФЦ дојде со пораз од Дастин Поаре пред повеќе од две години, неодамна објави дека има намера да го направи своето долгоочекувано враќање во рингот против Мајкл Чендлер во декември – но официјално соопштение не е објавено. Многу фанови не мислат дека ММА ѕвездата го сфаќа сериозно неговиот камбек, а неговите бизарни објави на социјалните мрежи само долеваат масло на огнот.
Мек Грегор се најде на насловните страници на почетокот на овој месец бидејќи присуствуваше на борбата на Ентони Џошуа против Роберт Хелениус со австралискиот светски шампион во бокс Ебани Бриџис.
Бриџис изјави дека „чувствува жал“ за Мек Грегор, еден од најугледните спортисти во светот.
„Жал ми е за него во извесна смисла, особено во јавноста“, рече таа. „Има толку голем притисок и тој веројатно никогаш не би можел да биде Конор Мекгрегор, како што тој сака“.
Коментирај анонимно