Род Стјуарт гордо му го покажува своето ново „LaFerrari“ од 5 милиони евра на светот, откако помина 3 години барајќи го реткиот автомобил
Род Стјуарт гордо го покажа своjот нов автомовил во вторникот, откако помина три години барајќи го својот автомобил од соништата.
Пејачот (78) се огласи на „Инстаграм“ за да го покаже своето „LaFerrari“ кое гордо го паркираше во неговата гаража на тема „Celtic FC“. Луксузното возило повеќе не се прави и стана толку баран производ што просечниот автомобил сега чини меѓу 5 и 6 милиони евра.
Обраќајќи им се на своите 1,3 милиони следбеници на „Инстаграм“, Род сподели: „Завршетокот од тригодишната потрага по ова уметничко дело. „LaFerrari“ во сопствената гаража на Селтик“.
Шкотскиот и англискиот пејач, исто така, откри дека се вратил дома од Соединетите држави, споделувајќи слика надвор од неговиот дворец во Есекс, со наслов: „Конечно дома во Блајти“.
Додека ние во Македонија се бориме со препордажба на лекови на Онкологија и уставни измени, баш ме загрижи кога прочитав (!?), дека и Род Стјуарт имал СТРАШЕН ПРОБЛЕМ изминатите 3 години!!! Од друга страна, баш ме радува (!?), што конечно го решил (се додека не излезе нов модел на Ферари, најверојатно ги има 7-8, не ги вози и ги чува во гаражата која му е 1.000м2 како паметна инвестиција)!
Коментирај анонимно