Малку како да е морничаво: Сестри близначки носат иста облека секој ден во изминативе 23 години

Пар идентични сестри близначки во Велика Британија секојдневно ја координираат нивната облека во последните две децении.

 

 

 

Рози Колс и Кети Хефернан, и двете 69 годишни, го поминуваат секој ден заедно, облечени исто во последните 23 години.

„Кога излегуваме, ги носиме истите работи“, изјави Колс, мајката на две деца, за „South West News Service“. „Во последните 23 години, повеќето денови бевме заедно“.
Дури и кога двете одат на одмор заедно, тие се грижат нивните куфери да бидат исполнети со идентични облеки и планираат да продолжат така до крајот на животот.

 

 

 

Странците честопати ја запираат двојката за фотографија, рече Хефернан, а луѓето често имаат потешкотии да разликуваат која е која.

„Ние сме многу слични. Морничаво е“, изјавува Колс.

 

 

 

Сестрите честопати носеле иста облека додека растеле, но нивното совпаѓање заврши кога се венчаа во 70-тите и повеќе не живееле во близина. Но, кога и двете се разделиле од своите сопрузи во 2000 година, добиле можност да се доближат една до друга.

Во 2012 година, Колс и Хефернан, кои дури работеле заедно во нивниот бизнис за чистење повеќе од една деценија, станале сосетки.

 

 

 

 

„Имаме толку многу облека“, вели  Хефернан, која признава дека пред некој ден потрошила повеќе од 700 долари за три фустани. „Секогаш одиме во продавница и гледаме нешто што ни се допаѓа“.

Тие „не можат“ а да не купат нова облека пред специјални прилики или заедничко излегување.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *