Џенифер Лав Хјуит изгледа НЕПРЕПОЗНАТЛИВО на нови фотографии, а за сето тоа има паметно објаснување

Социјалните профили на Џенифер Лав Хјуит беа преплавени со коментари во кои ја обвинуваа за пластична операција, откако објави нова фотографија. Сепак, 44-годишната актерка најнеочекувано одговори на овие „хејтери“, оставајќи нè уште повеќе во шок.

 

Сè започнало кога фризерот на актерката  од „Ghost Whisperer“, објави клип на „Инстаграм“ на кој се прикажува нејзината драстична трансформација на косата. Видеото ја покажа прекрасната ѕвезда како ги сече своите долги темно кафеави прамени во елегантен боб. Ја променила и бојата на косата и се одлучила за кафена нијанса.

Фризерот напиша на објавата: „Беше време да ги зачиниме работите“.

 

 

Безброј фанови ја опсипуваа актерката со комплименти за нејзиниот нов изглед. На пример, едно лице напиша : „ПРЕКРАСНА КАКО СЕКОГАШ, ТЕ САКАМ ЏЕНИФЕР“, а друга додаде: „Вљубена уште од тинејџерска возраст!“

Сепак, многу луѓе ја обвинија ѕвездата дека неодамна направила естетска операција и шпекулираа дали таа ќе ги подигне веѓите. Некои луѓе дури ја опишаа како „непрепознатлива“.

 

 

Во неделата, Лав Хјуит одговори на овие коментари на паметен, но интересен начин. Таа им се обрати на коментаторите, велејќи : „Толку многу луѓе рекоа дека изгледам поинаку“, а потоа додаде: „Изгледам исто како и секогаш. Не можев да изгледам поприродно. Се разбудив вака. Филтрите не те менуваат толку многу“.

 

Сепак, она што беше навистина посебно во нејзиниот одговор е начинот на кој таа изгледаше во овие клипови. 44-годишната дама користела низа филтри на нејзиното лице кои целосно го промениле нејзиниот изглед. Таа додаде: „Нека луѓето се филтрираат или нефилтрираат. Биди добар. Биди љубезен. Шири љубов.”

Не можевме повеќе да се согласиме со љубезната порака на ѕвездата за ширење љубов, и ѝ се восхитуваме што е толку отворена и искрена за нејзиниот живот. Откако наполни 44 години оваа година, Лав Хјуит се отвори за чувството на „несигурност поради стареењето“, што ни помогна уште повеќе да се поврземе со неа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *