Тинејџер пронашол 135.000 долари до банкомат и ја донел вистинската одлука
Откако се обидел да му купи на својот дедо неколку пара чорапи онлајн Хозе Нуњез Романиз се упатил кон својата локална банка за да депонира пари.
Како и да е, додека одел кон филијалата Велс Фарго во Албакерки, тој забележа нешто чудно покрај банкоматот.
Во пластична кеса имало голем број на банкноти од по 50 и 20 долари. Класично морално прашање: да ги земе парите или да ја направи правилната работа? За Хозе ова воопшто не било тешко прашање и поради тоа е пофален од полицијата.
Додека 19-годишникот никогаш не размислувал да ги земе парите за себе сепак размислил дали станува збор за некоја шега или пак дали неговиот живот е во опасност. Студентот на колеџ кој сака да стане правник вели: „Не знаев што да правам. Јас, како да сонував. Бев само во шок. Гледав и само размислував: Што да правам?“
Бидејќи било недела и банката била затворена Хозе повикал полиција. Подоцна заклучиле дека парите ги заборавил човекот чија должност била да го наполни банкоматот. Во кесата имало 135.000 долари. Локален бизнисмен откако слушнал за постапката на момчето му подарил 1.000 долари.