Познатиот Јутубер облечен во ќеса за ѓубре упадна на пистата на модната недела во Њујорк. Публиката мислеше дека тоа е модна креација се додека не дојде обезбедувањето

Фред Бејер (21) носеше ќеса за ѓубре, капа за туширање и светло розови шорцеви додека самоуверено одеше по пистата на модната недела во Њујорк.

Се чинеше дека тој не предизвика никаков сомнеж кај публиката (затоа што до таму е стигната модата), но постојано гледаше преку рамо додека одеше надолу. До крајот на неговата прошетка по модната писта, може да се види службеник за обезбедување како го брка. На крајот од пистата, обезбедувањето го фаќа и го влече од пистата оставајќи ја публиката шокирана.

 

Бејер, кој има 300.000 претплатници на Youtube, редовно објавува видеа на кои се шегува со јавноста, услужната индустрија и полицијата.

Повеќето видеа на шегобиецот роден во Флорида се на кои тој предизвикува метеж во јавноста и прави контроверзни работи кои предизвикуваат вознемиреност кај луѓето околу него. Еве некои од неговите популарни видеа.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *