„Пребарав во телефонот на мојот „СОВРШЕН“ дечко додека спиеше. Среќа што го направив тоа, бидејќи она што го пронајдов беше ужасно!“
Една жена останала вчудоневидена кога пребарала низ телефонот на нејзиниот „совршен“ дечко додека тој спиел – само за да наиде на илјадници пораки со кои ја навредува и го понижува нивниот сексуален живот.
Лили, од САД, мислела дека е во „најздравата врска досега во животот“ со маж кој е „заљубен“ и „грижлив“ – и очекувала да го помине животот со него. Но, чувство во стомакот ја разбудило среде ноќ и ја натерало тајно да пребара во неговиот телефон.
Лили се сретната со „непристојни“ пораки меѓу нејзиното момче и неговите пријатели каде што тој го исмејувал нејзиното тело, тврдел дека го „мрази“ нивниот сексуален живот и открил дека „не може да ја поднесе во јавност“.

Тој и неговите пријатели поминале часови исмејувајќи се на она што го кажувал, понижувајќи ја и срамејќи Лили. Таа ја сподели својата приказна на интернет во сега веќе избришана објава.
„Тој ги нарече моите интимни делови „чудни“, рече дека ги мрази работите што ги правев во кревет и правеше лоши шеги, велејќи: „Би било јако, но не кога Лили го прави тоа“.
Таа откри дека најголемиот дел од енергијата на нејзиното момче била во опишувањето колку ја мрази и сака да раскине со неа.
„Сè беше толку мизогинистичко и хомофобично и тој рече дека жените никогаш не треба да бидат задолжени за ништо, бидејќи ние сме причината поради која светот ќе прави глупости“.
Лили се чувствувала изгубено и збунето бидејќи мажот во пораките не личел на љубезното момче кое го запознала и сакала.

„Се чувствував како да ги читам пораките на странец, а не на мојот сакан и поддржувачки настроен дечко. Бескрајно ме поддржуваше, ми кажуваше колку сака да зборува за работите за кои сум страствена. Мислев дека делиме исти вредности. Никогаш не се каравме, цело време го поминувавме заедно. Се трудеше да ги запознае моите пријатели, секогаш кога имав проблеми во нашата врска, разговаравме за тоа и тој ќе поправеше се на совршен начин“.
Таа откри дека досега не видела некој со толку поделен карактер.
„Веднаш раскинав со него, тој се обиде да ми објасни, но не можев да го слушам. Тоа беше едно од најчудните раскинувања досега, толку ми се гади од сето тоа“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно