8 чудни Гинисови рекорди за 2023 година, кои ќе ве инспирираат да го пронајдете својот талент

1. Томи- најголемиот вол на светот

Сопственикот на чистокрвниот Швајцарец, Фред, го опиша како „сладок џин“ и мирно домашно милениче. Тој јаде 13 кг суво жито и 31 кг сено и пие од 114 до 151 литар вода секој ден. Големото животинче собрало следбеници на „TikTok“ уште од пандемијата и тогаш на неговите следбеници им станало дека станува збор за животно за во „Гинис“.

 

2. Николас Шеривуд- најголема колекција на плишани мечиња

Тој поседува вкупно 1234 мечиња, кои ги купувал или му биле подарени.

 

3. Аманда Сталсое- скокови на коњ

 

Девојката од Данска, постигна два рекорда- за тринаесет стоечки скокови на коњ за 30 секунди и пет вртења на коњ за 30 секунди.

 

4. Симеон Греам- жонглирање со 5,6 и 7 предмети

15 годишниот Симеон Греам од Бирмингем, постигна три титули во Гинисовата книга на рекорди, за жонглирање со пет, шест и седум предмети. Тој со жонглирање се занимава од својата седумгодишна возраст и бил инспириран од неговите идоли за да направи свои рекорди.

 

5. Том Енох- фитнес рекордер со Даунов синдром

18 годишниот Том Енох од Лемингтон Спа, кој има Даунов синдром, има 24 титули од Гинисовата книга на рекорди поврзани со фитнес. Тој направил 25 чучњеви за 30 секунди за да го постигне рекордот за најмногу направени сквотови во ова време и подигна 275 килограми за да го освои рекордот за најмногу сквотови со тежина за 30 секунди.Енох, кој наскоро ќе се квалификува како фитнес тренер, воспостави онлајн фитнес класа „TomFit“ на која продолжува да предава онлајн пет пати неделно и во неговиот клуб после училиште.

 

6. Џини МекКол- нинџа борец

Џини МекКол (71), од САД, почнала да се натпреварува на турнири во нинџа пред неколку години и сега го држи рекордот за најстара натпреварувачка нинџа спортистка.

 

7. Мелоди Доншет- рекордерка во женска конкуренција во жонглирање со фудбалска топка

 

Нејзиниот рекорд е 227 жонглирања за 1 минута.

 

8. Грејс Гуд- најмногу вртења со хулахоп во исто време