Не, ова не е масло на платно, туку неверојатни подводни фотографии на талентираната Кристи

Барокните слики се претежно дефинирани со длабоки бои и уметничка игра на светлина и сенки за да се постигне драма, напнатост и чувство на стравопочит. Истиот ефект е постигнат во делата на Кристи Ли Роџерс, светски познат современ уметник што создава подводни фотографии кои изгледаат исто како да се жива верзија на масло на платно од седумнаесеттиот век!

Кристи Ли Роџерс е американски фотограф роден во Каилua, Хаваи. Роџерс е познатa по тоа што не ги следи правилата на конвенционалната фотографија. Таа користи вода – или rasprskana светлина помеѓу водата и воздухот, за да биде поконкретна – за да создаде барокни ефекти. Таа ја применува оваа техника на тела потопени во вода ноќе.

Според уметникот, ова дозволува да се покаже човековиот карактер „како моќ и топлина“ и исто така ја доловува „убавината и ранливоста на трагичното искуство што е човечка состојба“.