„Кучето можеби изгледа застрашувачко, но јас му верувам со моето 9-месечно бебе“ – Сопствениците ја бранат џиновската раса која ќе се забранува во Велика Британија по серијата напади
Ана Томас, мајка од Пемброкшир вели дека било „срцепарателно“ да се види како Обединетото Кралство ја осудило оваа раса откако ги видела ужасите на огромните кучиња кои ги напаѓаат невините случајни минувачи.
Како и луѓето, таа тврди дека некои кучиња се воспитувани во сурови домови затоа што се купени од погрешни причини. Таа вели дека тие сега мора да бидат цел на секое ново законодавство – а не нежни семејни миленичиња како нејзините.
Во петокот, премиерот Риши Сунак објави дека расата ќе биде забранета до крајот на годината – одлука што ја уништи сопственичката на Були, Ана.
„Навистина е потресно да се види се што се случува во моментот. Расата добива толку лошо име. Оушн е неверојатна. Има моменти каде што се „возбудува“ – како и секое куче – но љубовта што ја има е неверојатна! Моето куче е многу мрзливо повеќе отколку енергично – таа повеќе би сакала да лежи низ куќата и да се гушка со тебе. Оушн изгледа малку застрашувачки – XL Bullys го имаат тоа злобно лице – но тие се најљубените, најнежните кучиња што некогаш сум ги сретнала“.
Оушн, кој има седум месеци, е само два месеци помлад од Исак – синот на Ана.
„Ќе направам се што можам за да го задржам моето куче. Ако ми кажат дека морам да правам одредени работи, тогаш морам да ги следам тие правила само за да се осигурам дека ќе ја задржам. Мојот најголем страв е да ја одведат – затоа ме фати толку голема паника. Тоа е апсолутно поразително. Секако дека не би дозволила да ми го земат кучето. Нема шанси. Би направила сè што можам за да ја задржам – таа не би повредила мува. Таа е толку мека и нежна“.
Ана вели дека се плашела од кучиња пред да го добие Оушн, но целосно го променила погледот кон сите кучиња.
„Имав лошо искуство кога бев дете со Џек Расел, така што тогаш бев прилично претпазлива за кучињата – навистина пораснав многу исплашена од кучињата. Во погрешни раце XL Bully мже да бидат закана и опасност, но ако ги воспитате правилно тие се брилијантни кучиња“, рече таа.
Исто така и таткото на четири деца, Ден Бусу, кој поседува двегодишен XL Bully наречен Мечка, е уништен поради веста дека расата ќе биде забранета, бидејќи се плаши дека може да го „изгуби својот најдобар пријател“.
„Тој значи сè. Тој е голем составен дел од нашето семејство“.
Но, г-дин Бусу, од Лестер, рече дека сопствениците треба да знаат во што влегуваат со такво „моќно“ куче.
Инструкторот за возење вели дека иако Мечка е нежен и му верува да седи со своите мали ќерки, тој отсекогаш имал одредени граници што значи дека неговите деца не се оставени сами со кучето.
Г-дин Бусуе рече: „Не би рекол дека е насилен, но може да биде несмасен, би рекол, затоа мораме да бидеме одговорни во однос на тоа да не го оставиме само нашето бебе околу него“.
Во врска со забраната, г-дин Бусуе рече дека додека како сопственик е со скршено срце, тој може да разбере зошто таа треба да стапи на сила.
„Тие дефинитивно не се за секого и не треба секој да ги има овие кучиња. Мислам дека нема доволно образование за да ги има овие кучиња на прво место“.
XL Bullys сè уште не се забранети според Законот за опасни кучиња. Сепак, премиерот во петокот објави дека ќе следат наплив на фатални малверзации.
Смртните случаи предизвикани од напади на кучиња се зголемени повеќе од двојно во изминатите две години, од четири во 2021 година на рекордни 10 во 2022 година.
Два од четирите фатални напади на кучиња во Обединетото Кралство во 2021 година вклучуваа Bully XL, при што бројот се зголеми на најмалку шест од 10 минатата година. Две лица се убиени оваа година од оваа раса.
Коментирај анонимно