15 романтични состаноци кои поминале ужасно лошо

Да се ​​запознае некого длабоко за кратко време е толку предизвикувачка задача. Дури и луѓето со кои сме блиски и што ги сакаме можат да не изненадат после години заедно, а камоли кога запознаваме сосема нови луѓе . Затоа првите состаноци честопати можат да разочараат или да се претворат во катастрофи, како оние на оваа листа.

1.

Тоа беше една од оние средби каде што мајка ми и неговата мајка беа пријателки и тие беа како: „нашите две интензивно интровертни деца треба да одат на состанок!“ За жал, тоа беше единственото нешто што ни беше заедничко.

Па отидовме во театар што го прикажуваше „Големиот сон“. Тој заспа.

2.

Поканив еден дечко кај мене за да се дружиме… Па, почнав да флертувам и му кажав колку мислам дека е секси. А тој ми одговори дека тој излегува само со девојки со прави заби и убави насмевки. Моите заби се во ред.

3.

Додека бевме на состанок се јави на бившата и додека гледаше право во мене, почна да ѝ кажува како сега излегува со некоја многу попаметна и поубава од неа и дека нејзините родители се идиоти.
Дефинитивно не сакав да бидам следната која ќе биде третирана така.

 

4.

Го викнав дечко ми кај мене за да гледаме филмови. Наместо тоа, баба ми седна меѓу нас и гледавме квизови ЦЕЛИ 3 ЧАСА.

5.

Првото нешто што ми го рече: „Вежбам 3 часа секој ден и треба да се чувствуваш среќен затоа што го жртвував мојот последен час вежбање за да дојдам на состанок“

6.

Ми кажа дека неговата најдобра другарка е многу поубава од мене и причината зошто не е со неа е затоа што таа не го гледала него на тој начин.

7.

Супер згоден дечко ме однесе на суши. Се чинеше дека му е непријатно за време на вечерата и потоа рече „Дали некогаш си помислила дека некој е сладок се додека не го погледнеш од блиску и сфатиш дека има еден тон пеги?“
Јас имам еден тон пеги.

 

8.

Ја соблече маицата сред ресторанот се додека не дојде келнерката да го замоли да ја облече.
Потоа стоеше на сред паркинг и гласно и ЛОШО рапуваше на неговата музика.

9.

Дечкото со кој требаше да излезам ми рече дека ќе ме собере, но не ми кажа дека мајка му ќе биде таа што ќе вози.

10.

Многу ми се допаѓаше дечкото и бев навистина нервозна. Ова беше нашиот прв муабет:
Toj: Мирисаш убаво.
Јас: Фала, ги користам и двете ноздри.

 

11.

Отидовме во поскап ресторан.
Тој го нарача и го изеде најскапото јадење во менито. Потоа отиде да си ги измие рацете и никогаш не се врати.

12.

На нашиот прв состанок, тој рече „Според твојата слика помислив дека си премногу добра за мене. Но сега мило ми е што гледам дека имаш и ти маани“
Потоа почна да ги набројува моите маани.

13.

Отидов на состанок со еден дечко што го запознав онлајн. Си пишувавме веќе еден месец и навистина имавме заеднички работи.
Додека бевме на состанокот го проверуваше телефонот од време на време. Потоа ми кажа дека се отворило шанса да се запознае со една девојка со која си пишувал и не сакал да ја пропушти таа шанса. Плати половина од сметката и си замина.

 

14.

Бев на прв состанок со девојка која инсистираше да одиме на едно прескапо место. Таа нарача апетисани од 25 долари, 45 долари бифтек и пијалок од 15 долари.
Целото време не го спушти телефонот од рацете, постојано зборуваше на него и пишуваше пораки.
Келнерката го забележа тоа и од позади неа ме викна да дојдам. Се извинив и станав. Келнерката ги поделила сметките на пола и ме праша дали сакам да платам за моето и да си заминам. Па, го направив тоа.

15.

Еднаш сакав да ја изненадам девојката со која одев на состанок со тоа што не ѝ кажав во кој ресторан ќе одиме.
Случајно го одбрав тој во кој работи таа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *