Навидум го живееле совршениот камперски живот, но „позади завесите“ нивниот живот се распаѓал: Емотивна исповед на инфлуенсерката Кристин Батикефер за неверството на нејзиниот сопруг

Пред само неколку години, Вил Вотсон и Кристин Батикефер беа меѓу најпознатите „комбе инфлуенсери“ – додека не исчезнаа без трага од интернет.

 

 

 

Една година по нивното нагло исчезнување од социјалните мрежи, Кристин (32) сега откри како нејзиниот свет се распаднал откако дознала дека нејзиниот  партнер ја изневерува – со жена со која патувале.

Во интервјуто со пријателка, на нејзиниот канал на „YouTube“, „Kels And Jay“, Кристин откри што всушност се случило по нивното мистериозно отсуство од нивниот популарен канал во јули 2022 година.

 

Кристин објасни дека таа и нејзиниот сега веќе поранешен сопруг Вил (34) патувале со друг пар во текот на летото минатата година кога тој првпат ја изневерил.
„Ние и парот бевме заедно три месеци, па два и пол месеци, мојот поранешен партнер и сопругата од другиот пар имаа афера“, откри Кристин во 17-минутното интервју.

„Потоа го правеа сето тоа една година зад мојот грб“, продолжи таа. „После девет години заедно, беше готово“.

 

 

 

Вил и Кристин, кои и двајцата потекнуваат од Џексонвил, Флорида, за прв пат го замениле својот дом со три спални соби за живот на пат во април 2019 година. Тие продале „95 отсто“ од своите работи и купиле стар автобус од воздухопловните сили во 1992 година, потрошувајќи 18 месеци и 30.000 долари за да го претворат во подвижен дом, пред да тргнат на своите авантури со нивната тогашна двегодишна ќерка Роам.

Семејството ги сподели своите авантури на „Инстаграм“ профилот @numberjuanbus и во блоговите на „YouTube“, прикажувајќи преслатки вечери околу камперскиот оган и среќен соживот со други патници. Меѓутоа, зад сцената се случувало многу повеќе.

 

 

 

Кристин признала дека имало „период од девет месеци“ каде што се сомневала дека нејзиниот сопруг изневерува, откако пронашла некои сомнителни пораки.

„Немаше вистински цврсти докази и кога имате дете и сте во брак и немате цврсти докази, навистина е тешко да се биде демек „Ќе си одам“ поради ова“, објасни таа.

Иако некогашната јавна личност рече дека нема конкретни докази дека нејзиниот сопруг ја изневерува, таа се присети дека знаела дека тој „барем“ има емотивна врска.
Наместо тоа, Кристин рече дека и требало многу време да се фокусира на себе, додека се обидувала да го спаси својот брак. На крајот одлучила дека е најдобро да се разделат.

„На крајот треба да се запрашате: „Доколку моето дете беше во ваква врска, дали би била среќна за неа? Дали би го поддржала тоа, дали би сакала таа да остане во ваква врска?“, рече таа.

„И одговорот на крајот е апсолутно не“.

 

 

Разводот на Кристин бил финализиран во февруари и таа сега го дели старателството над Роам со Вил. Таа, исто така, оттогаш се преселила и живее во „мумуна“ во Флорида со разведени пријателки и нивните деца.

Во нејзиниот подкаст, „Let’s Grow Through It“, кој го води со најдобрата пријателка Теса Гилдер, Кристин рече дека морала да остави многу чувства настрана додека работи како да биде ко-родител со нејзиниот поранешен сопруг – кој почнал да излегува со својата љубовница, откако поминале месеци обидувајќи се да ја убеди Кристин да го врати назад.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *