10 ситуации кои покажуваат како детската логика е навистина генијална

Непобитен факт е дека децата постојано се впуштаат во најексцентричното однесување. Потребно е извесно време пред да стигнат до возраст кога ќе се воздржат од изразување на секоја минлива мисла или обид за секоја дива идеја. И за наша среќа, некои родители не се двоумат великодушно да ги споделат ирационалните изјави и забавните лудории на нивните палави деца на интернет, оставајќи нè останатите подеднакво збунети.

 

1.

Мојата тригодишна ќерка рече дека посакува да имаме домашно милениче. Ја потсетив дека веќе имаме куче, и леле вистинското изненадување на нејзиното лице кога сфати дека нашето куче е домашно милениче, а не само некое друго момче што живее со нас.

2.

Ќерка ми и внука ми имаат нова игра каде што се преправаат дека се баби и играта е само гласно да се жалат за работи со гласови на стара баба.
Како и да е го чекам мојот ред да играм.

3.

7-годишниот син: Што правиш откако ние ќе си легнеме?
Јас: Седам и мислам на тебе и брат ти, колку многу ве сакам и ми фалите се до утрото.
7-годишниот син: Можам да останам буден ако сакаш и да ти правам друштво.
Јас: НИКАКО, ама фала.

 

4.

Ја изнесов мојата 11 годишна ќерка за да потроши нешто од нејзините пари и таа разочарано воздивна „Мислев дека сладоледот има поинаков вкус со мои пари. Но, ист е вкусот“.

5.

Мојата 5-годишен син само што не извести дека сака неговото прво дете да се вика Годзила и гледајќи ја табелата што се друго пишале другите деца, искрено може да биде и полошо.

6.

Еден ден требаше да го посетиме моето семејство, тие се на 2 саати од кај што живееме ние. Како што тргнавме со автомобилот мојот 5-годишен син ми рече од позади: „Не го пуштај радиото мамо. Ја донесов мојата хармоника за да можам да ти свирам цел пат“

 

7.

„Уфф никогаш не ми даваш да си купам нешто!“

-мојот 5-годишен син држејќи балон, шеќерна волна и две сокчиња.

8.

Мојата 5-годишна ќерка ме праша „каков проблем ќе имам јас кога ќе пораснам?“

Испадна дека таа мислела дека така се доделуваат проблемите на секоја личност кога си возрасен.

9.

Потрошив солидни 10 минути да му објаснам на моето дете дека не треба да шкрта со пенкалото по каучот и таа рече „Маркер е, не е пенкало“.

10.

Дефинитивно имајте деца за да се разбудите на разденување во сабота, затоа што вашето дете сака да го гледате додека тоа гледа некои видеа на таблетот.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *