Пикник за паметење: Мечката знае што оди најдобро со плескавици, ДИЕТАЛНА кока кола! Да не биде после „види колкава мечка си се направила“

Мелани Фрих (26) од Напервил, Илиноис и нејзините пријатели подготвувале гозба на отворено во шумата кога неочекувано дошле две мечки.

Откако групата се преселила на балконот на првиот кат, тие снимиле снимка од мечките како ја јадат скарата, а потоа мечката наоѓа диетална кока кола и очигледно ужива во неа.

Мелани рече дека била вчудоневидена од интеракцијата, објаснувајќи: „Моите пријатели и јас бевме на нашиот годишен одмор со пријатели и ни кажаа од Airbnb дека е сезона на мечките и да бидеме внимателни. Во саботата ги печевме плескавиците на скара и видовме мечки како се упатуваат кон нас. Почнавме да врескаме, да трескаме со тави и да се потрудиме да ги исплашиме, но тие едноставно си го тераа своето. Ја исклучивме скарата, ги зграпчивме плескавиците што беа зготвени и втрчавме внатре бидејќи бевме толку исплашени“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *