„На денот на моето породување, свекрва ми направи нешто за што и ден денес не можам да ѝ простам. Луѓето велат дека претерувам, но јас ја МРАЗАМ со секое влакно од моето битие!“

Да имате добар однос со вашата свекрва може да биде предизвик, но и навистина корисна работа. Меѓутоа, понекогаш работите можат да тргнат наопаку и да предизвикаат многу повреди и незадоволство. Корисничка на „Редит“ сподели приказна за тоа како нејзината свекрва ја шокирала со своите постапки и како сè уште не може да најде моќ да и прости.

 

 

 

Еве како започналo: „Последниве 3 месеци беше многу добро познат план дека кога ќе се породам, мојот сопруг ќе ме одведе во болница, а свекрва ми требаше да остане до мајка ми, моите деца и баба ми (сите во една куќа). Сите беа согласни со планот.

Сега, јас и мојот сопруг веќе имаме 2 сина и за двете породувања присуствуваше и мајка ми. Таа ми помогна околу менталната болка и паниката. Ми требаше и таа да биде со мене со ова бебе; ментално. Така, го разработивме овој план неколку месеци однапред и сите беа согласни“.
„Меѓутоа, јас одам на породување… им ѕвонам на маж ми и на свекрва ми. Кажувам на мајка ми да биде подготвена. Еден час и 15 минути подоцна, маж ми се појавува во болница без мајка ми, моите деца или баба ми.

 

 

 

Таа рекла „Па, доцна е, требада ги оставиме сите да спијат“ (беше 21:30 часот), а потоа седна на столот во родилната сала и скокна на нејзиниот телефон. И реков со налутен тон да оди да ја земе мајка ми, тоа беше планот, ми требаше мајка ми итн., а таа едноставно не сакаше. Во еден момент рече дека не се чувствува толку многу добро за да вози (мама живее на 20 минути од нејзината куќа).

 

 

Така, и реков да излезе од собата и дека е мртва за мене. Количината на огорченост и одвратност што ја чувствував кон неа во овој момент, искрено не е нешто што чувствувам дека ќе го надминам наскоро. Беше налутена, велејќи дека доживеала 2 породувања и дека не направила ништо лошо и дека „само го почитувала спиењето на луѓето“.
„Потоа, мајка ми успеа да стигне до болница буквално додека се пораѓав. Моите деца и баба ми не можеа да стигнат, што многу ме натажи (им ветивме на нашите деца дека ќе бидат првите што ќе ја сретнат нивната сестра).

Искрено се чувствувам како да ја мразам со секое влакно од моето битие. Но, ми другите ми велат дека малку сум претерала со ова и сум отишла предалу со омразата“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *