„Ми беше срушена куќата по ГРЕШКА откако градежниците рушеле куќи во близина па и мојата им личела дека треба да се руши – дознав дури кога ми се јавија соседите“
Куќата на еден човек била целосно уништена и претворена на куп урнатини откако компанија за уривање направила страшна грешка. Роб Хагестад бил вчудовиден кога неговите соседи му заѕвониле да му кажат дека неговиот 97-годишен имот, изгреден уште од Втората Светска Војна, во Далас, Тексас, бил срушен.

Сентименталниот дом, познат како Розовата куќа, бил пренесен од долгогодишната пријателка Мери Ен Дегатер, и на Роб и на партнерот Џереми Венингер.
Хагестад рече: „Ние се боревме долго и напорно две години за да го спасиме овој имот. И сега беше уништен поради човечка грешка. Ми се скрши срцето“.
Куќата, исто така, значела многу за сите на улица, редовно организирајќи забави и зближувајќи ја заедницата.
„Сите доаѓаа и седеа на предниот трем, а Мери Ен секогаш беше таму за да се сретне со луѓе и да организира забава или да одржи разговор. Мери Ен и нејзиното семејство беа навистина, некако, централниот дел на ова соседство. Затоа ова е навистина трагедија.“, изјави Хагестад.

Сопственикот на куќата, кој во тоа време живеел во Калифорнија , рече дека никогаш нема да заборави дека го разбудиле избезумени повици од неговите соседи кои му велеле дека саканата куќа се уништува.
„Сега немаме ништо друго освен многу нечистотија“, додаде тој.
Хагестад и Венингер ја презеле сопственоста на имотот во 2019 година и планирале да го реновираат кога се случила трагедијата на 19 февруари 2020 година.
Според шокираните очевидци, историскиот дом бил уништен за само неколку минути.

JR Demolition, компанијата која по грешка ја уништи куќата на авенијата Ричард, ја призна вината за инцидентот.
Боби Линдамуд, сопственикот, рече: „Направивме грешка и мислевме дека го имаме вистинскиот имот. JR’s Demolition е мал семеен бизнис кој се занимава со демолирање веќе 15 години.
Јас како сопственик, бев во рушење повеќе од 35 години, и по многу илјадници уривања на објекти, ова е првиот инцидент во кој беше урната погрешна структура“.
Тој додаде дека работниците отстраниле неколку домови на улицата како дел од обновата во областа.
Сопственикот на компанијата исто така изјави дека домот бил лишен од сите водоводни и електрични тела, што го правело да изгледа слично на домовите што претходно ги срушиле во близина.
Исто така, немало никаков темел.
„Накратко, имотот беше сличен по изглед и состојба на многу од имотите што JR ги сруши на Ричард Авенија“, додаде тој додека го бранеше својот бизнис.
Компанијата беше во контакт со Венингер и беше кажано дека тие работат на решение.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно