Научниците открија дека качувањето по скали може да го намали ризикот од срцеви заболувања дури и за 20%

Секој кој се грижи за своето срце може да биде заинтересиран за новото истражување спроведено од научниците од Универзитетот Тулејн во САД. Студијата, која траеше повеќе од 12 години и опфати 450.000 учесници, покажа дека редовното качување по 50 скалила дневно може да го намали ризикот од срцеви заболувања во просек за 20%.

Преку внимателно следење на начинот на живот на учесниците во студијата, истражувачите откриле дека качувањето по скали има позитивен ефект врз срцето и крвните садови. Според американските експерти, качувањето по скали е одличен, безбеден и бесплатен метод за спречување на срцеви заболувања.

За оние кои сè уште се сомневаат во придобивките од оваа физичка активност, треба да знаат дека одењето по скали е одлична вежба за кардиоваскуларен тренинг. Помага во зајакнувањето на крвните садови, ја зголемува целокупната издржливост, а помага и за намалување на вишокот килограми, подобрување на координацијата и забрзување на метаболизмот.

Сепак, научниците предупредуваат дека е неопходно да се почитуваат безбедносните правила при качување по скали. Луѓето кои се физички неподготвени треба да започнат со минимални оптоварувања и постепено да ги зголемуваат. Во спротивно, се зголемува ризикот од повреда, истегнување на зглобовите и мускулите.

 

 

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *