10 баксузи кои сакале да направат добро дело, но работите тргнале ужасно погрешно

Љубезните постапки понекогаш знаат да тргнат наопаку, земајќи неочекувани и катастрофални кривини. Кога ќе го направат тоа, тие може да влијаат на нашата перспектива за животот и на нашата подготвеност да им помогнеме на другите. Сепак, дури и кога ќе се соочиме со непријатни реакции, цврсто веруваме дека добросрдената личност ќе продолжи да шири позитивност. И покрај разочарувањето или шокот што го доживеаја љубезните луѓе во овие приказни поради реакциите што ги добија, не можеме, а да не продолжиме да ги поддржуваме.

 

1.

Кога бев студент немав баш пари и едвај имав да си купам за јадење и книги за на факултет. Една вечер чекав автобус и здогледав една чанта на автобуската станица. Во неа имаше 500 долари во готово. Бев во искушение да ги земам и да ја оставам ташната, но мојата совест не ми дозволи и си помислив дека можеби и на жената што ја изгубила чантата ѝ требаат овие пари исто како мене.

Го пропуштив автобусот и веќе стоев на автобуската 20 минути и се мислев што да правам, затоа што никој не се појави да си ја земе чантата. Па си мислев дали да ја носам во полиција можеби. Кога одеднаш видов една богато облечена жена брзо оди во моја насока. Таа ме нарече крадец и рече дека ќе се јави во полиција. Јас се обидов да ѝ објаснам дека стоев тука, ја чував чантата и ја чекав неа, но таа продолжи да вика.
Потоа ја грабна чантата и си отиде лута.
Некако се покајав што не ги земав парите.

 

2.

Еднаш на улица видов една стара жена во инвалидска количка. Таа беше сама и држеше чашка во нејзината рака, па претпоставив дека проси.

Ми беше жал за неа. Па отидов да ѝ оставам пари во чашката. Таа ми рече да ѝ ги дадам парите во рака, не во чашката.

Кратко потоа дојде нејзиниот негувател и ја однесе дома.

3.

Девојка ми го изгуби телефонот па ѝ дадов еден мој резервен затоа што не можеше да си купи нов.

Кога ми го врати назад, заборавила да го избрише Тиндер. Па видов дека флетрувала со многу момци и си разменувала броеви.

Да, ѝ го дадов телефонот за да може да комуницира со нејзиното семејство или доколку можеби треба итно да се јави некаде. А таа го искористи за да флертува со други момци.

 

 

4.

Го повикав мојот најдобар пријател да се дружи со мене и девојка ми, затоа што тој не излегуваше многу често.
Една недела подоцна тој почна да излегува со девојка ми.

 

5.

Мојот пријател имаше навика да оди и да им дава на бездомниците сендвичи.
Најчесто беше мала торбичка со вода, сендвич и чипс.

Еднаш му дал сендвич на еден бездомник и како што се качил во автомобилот видел како тој го фрла сендвичот во канта.

 

6.

Пријател на пријател избришал некои документи од лаптопот погрешка, а навистина му требале.
Јас се понудив да видам дали можам да ги вратам, затоа што се разбирам од компјутери.

Па го земав лаптопот дома и 10 минути како што го почнав recovery процесот на лаптопот, батеријата рикна. И така лаптопот бидејќи не го заврши recovery процесот немаше назад и се беше избришано.

Погодете кој беше виновен?
Погодете кој нарача нов лаптоп за оваа личност…

 

 

7.

Една жена просеше пред ресторанот во кој најчесто јадам. Влегов внатре нарачав за мене и нарачав еден оброк за неа.
Ѝ го дадов оброкот и се свртев да си одам. Одеднаш таа го фрли оброкот врз мене покривајќи ме цела со нудли и почна да вика како таа сакала пари, а не храна.

 

8.

Во средно една девојка се жалеше како никој не ја прашал да му биде партнерка за матура.
Немав некои чувства кон неа, но ми беше криво дека се чувствува така и јас ја прашав.
Таа жестоко ме одби и од тогаш не ми прозборе.

 

9.

Видов чанта во маркетот така само оставена. Претпоставив дека некој ја заборавил. Ја земав и сакав да ја однесам на каса за ако некој се врати по неа.
Додека чекав ред на касата една жена дојде викајќи по мене дека тоа е нејзина чанта и не треба да крадам.
Сите луѓе во маркетот гледаа во мене и не ми веруваа дека јас само сакав да ја однесам на каса.

 

10.

Жена ми донираше бубрег на непознат човек.
Сите сметки требаше да бидат платени од човекот кој го прима бубрегот.
Потоа добивме известување дека нивното осигурување не платило доволно и дека агенцијата за наплата очекува од нас 10.000 долари.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *