„Мојот електричен автомобил „ме киднапираше“ и возеше со 50 километри на час. Морав да викнам полиција!“
Преплашен возач на електричен автомобил откри дека бил киднапиран од неговиот „MG ZS EV“ од 40.000 евра, откако возилото доживеало „катастрофален дефект“ и бил принуден да повика полиција.
Брајан Морисон (53) тврди дека се враќал дома од работа околу 22 часот во неделата кога неговиот нов целосно електричен автомобил од кинеско производство почнал да вози сам со 40 километри на час. Не можејќи да ги користи сопирачките, човекот повикал полиција која го запрела возилото дозволувајќи му полека да удри во нивното комбе.
Возачите на електрични возила исто така, страдаат од недостиг на полначи, при што расте гневот на возачите насекаде. Шефот на најголемиот британски давател на услуги за автопатишта рече дека долгото чекање за точките за приклучување ги направи возачите „многу лути и под стрес“.
Г-дин Морисон изјавил: „Сфатив дека нешто не е во ред кога доаѓав до кружен тек и отидов да ја намалам брзината, но не успеа. Потоа слушнав силен шум од сопирачките. Бидејќи тоа беше толку нов автомобил, знаев дека не може да биде проблем со нив. Успеав да го заобиколам кружниот тек со брзина од околу 40 километри на час, а потоа имав долг пат пред мене, па претпоставував дека ќе застане без јас да забрзам, но не го стори тоа. Имам проблеми со подвижноста, па не можев ни да скокнам – бев целосно заробен во автомобилот со брзина од 40 километри на час. Можеби не звучи како да е многу брзо, но кога немате контрола над брзината и сте целосно заглавени внатре, тоа е застрашувачко“.
Г-дин Морисон првично и се јавил на сопругата во паника да ја замоли да излезе и да ги предупреди автомобилите пред него дека не може да застане.
Откако сфатил дека наскоро ќе мора да се движи на семафорите и неколку кружни текови – и загрижен да не удри во пешаци се јавил на 999.
„Кога повикав 999, тие испратија полиција да помогне и ставија некои инженери на линија за да се обидат да го решат проблемот, а тие прашуваа дали се работи за самоуправувачки автомобил. Тоа беше прв пат одговорните на повиците да го почувствуваат проблемот и тие немаа поим што да прават. Така на крајот пристигнаа три полициски возила кои се возеа пред мене и зад мене. Бев 100% концентриран на управувањето, па кога полициско комбе застана покрај мене и ме праша дали сум Брајан и дали сум добро, јас само викнав „Не, не сум, не можам да застанам“.
Полицијата првично му кажала на Морисон да го фрли својот електронски клуч низ прозорецот на нивното комбе пред да тргне – но тоа не успеало да го исклучи моторот.
Искуството на г-дин Морисон не е прв пат електричните автомобили да предизвикаат загриженост за безбедноста.
На 24 септември, пожарникарската и спасувачката служба Мерсисајд, Велика Британија се упатила кон семејна куќа во Бромборо, Вирал, откако добила дојава дека автомобил гори. Пожарот бил изгаснат за само десет минути.
Коментирај анонимно