Зоки, што ни дава кокошката? (виц)
На училиште:
– Зоки, што ни дава кокошката?
– Јајца учителке.
– Браво! А што уште?
– Уште јајца.
– Добро, ти на што спиеш?
– На земјата.
– А под главата, што ставаш?
– Рацете.
– Хм… Да пробаме на друг начин. Татко ти на што легнува?
– На мама.
– А кога мама ја нема?
– На комшивката.
– А ако и комшивката ја нема?
– Тогаш и тато го нема.
– Бреј… ајде да смениме пристап. Дедо ти на што спие?
– На креветот.
– А под главата што си става?
– Перница.
– И ако ја удриме перницата што ќе добиеме?
– Прашина!
– А ако многу силно ја удриме?
– Болви!
– А ако земеш нож и да ја расечеш перницата, што ќе добиеш?
– Јак ќотек од дедо!
– Добро де, си го изел ќотекот, што уште?
– Пердуви.
– Е-е-е, конечно! Значи, што ни дава кокошката?
– Е како што?! Јајца…
Коментирај анонимно