„Јас сум жена со брада. Луѓето на улица ме нарекуваат ОДВРАТНА, но јас го сакам моето лице, а исто така го сака и дечко ми“

Жена ја сподели негативноста со која се справува секојдневно, поради нејзиниот несекојдневен изглед, односно нејзината брада.

 

 

Корал Рене (30) од Канзас поминала половина живот бричејќи си го лицето откако на 12-годишна возраст и се создале дебели бекембарди. Но, таа сега ја сака својата брада, симптом на нејзиниот синдром на полицистични јајници (PCOS).
Сепак, да се биде жена со долга брада не е секогаш лесно, со тоа што 30-годишната девојка постојано мора да се справува со реакциите на другите луѓе – вклучувајќи непријатни коментари и зјапања. Но, таа е горда на своето влакнесто лице и вели дека тоа го сака и нејзиниот партнер Илијас (25).
„Тоа беше навистина болно искуство, физички и емоционално“, рече Корал.

 

 

 

„Едно лице мислеше дека сум валкана и ми рече да ја измијам кожата. Тоа беше прв пат навистина да се срамам поради моето тело“.

На Корал и се појавиле дебели бакенбари кога имала само девет години и на 12-годишна возраст секојдневно почнала да си го бриче лицето.

„Чувствував дека бричењето е единствениот начин да преживеам“, изјавила таа.
„На некој начин, чувствувам дека ова е донекаде потврдено со количината на омраза што ја добивам на интернет сега. Тие прашуваат „што сум јас“ затоа што на некој начин брадата ме прави да не изгледам како човек, не знаејќи дали сум маж или жена. Ми велат дека треба да се избричам – луѓето сакаат да ми кажуваат што да правам со моето тело.

 

 

„Другите ги гледаат моите намери и ми даваат поддршка и љубезност. Повеќето мои следбеници моментално се мажи, изгледа дека уживаат во глетката. Мојата брада нема никаква врска со тоа што сум чудна или различна“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *