„Јас сум сопруга на милионер – еве како трошам 1 милион долари неделно, вклучувајќи 7.200 долари на ЧОКОЛАДО“
Сопругата на мултимилионер ги остави луѓето на интернет изненадени откако покажа како троши до милион долари неделно – вклучително и преку 7.000 долари за чоколадо.
Инфлуенсерката Линда Андраде (23) од Дубаи, редовно споделува фотографии и видеа кои го прикажуваат нејзиниот гламурозен начин на живот – кој вклучува раскошни вечери, патувања во трговски центар, скапи третмани и пијалоци во баровите на покривите на облакодерите.

Неодамна, Линда откри како изгледа една нормална недела во нејзиниот живот покрај 27-годишниот убавец Рики – фалејќи се со колку пари има на располагање.
Линда ги остави луѓето вчудоневидени додека сподели дека потрошила 1 милион долари на дијаманти, злато, чоколади и „забава“.
„Колку заработив оваа недела како сопруга на милионер“.
Додека ги покажуваше блескавите дијаманти, Линда откри дека добила депозит од 1.411.008 долари. Таа потоа ги наведе сите начини на кои ги потрошила парите.
Потрошила 356.214 долари додека купувала во луксузни продавници, вклучувајќи и две чанти на Шанел. Потоа, нејзиниот убавец ѝ дал 229.141 долари во готовина, кои ги потрошила за вкусен оброк за нив двајца и раскошни коктели. По нивниот оброк, Линда била подготвена за слатко задоволство, па потрошила неверојатни 7.210 долари на чоколади.
Таа потоа рече дека нејзиниот убавец ѝ подарил злато во вредност од 201.200 долари, како и 52.210 долари за „пари за забава“.
На крајот, Линда сподели дека потрошила 216.789 долари на „случајна среда“ – но не откри дополнителни детали.
И другите корисници на социјалните мрежи брзо го преплавија делот за коментари и го изразија својот шок додека едно лице напиша: „Посакувам, да го манифестирам ова“.
Друг корисник коментирал: „Во никој случај чоколадите не се толку скапи“.
Некој друг рече: „Дали е ова реално?“
„Толку сум љубоморна“, додаде еден корисник.
Па, дали мислите дека ова е вистина?

Коментирај анонимно