„Не можам да се вработам поради моите 800 тетоважи – но тоа нема да ме спречи да се обидам да го родам моето осмо бебе“
Една од најтетовираните жени во Британија откри дека се надева дека ќе стане мајка по осми пат.
Мелиса Слоун (46), претходно откри дека не може да најде работа затоа што работодавците се вознемирени од фактот дека нејзиното лице е целосно покриено со тетоважи.

Во интервју за „Дејли Стар“, мајката на седум деца која има повеќе од 800 тетоважи признала: „Не сум горда што го кажувам тоа, но не сум работела цели 20 години“. Но, иако не може да најде работа, таа сака да се обиде за осмо дете со нејзиниот партнер Лук и да го комплетира нејзиното и онака огромно семејство.
Мелиса вели: „Се обидувам да добијам уште едно бебе. Ова и го кажав на медицинската сестра пред некој ден и таа беше шокирана, очите и искокнаа!“
Таа призна дека пред да одлучи повторно да забремени, немала секс три години. Сепак, сега тоа е повторно на дневен ред бидејќи нејзините деца постојано ја „мачат“ дека сакаат нов брат или сестра. Бременоста на 46 години би вклучувала здравствени ризици, но Мелиса е оптимист дека нема да доживее компликации.

Мелиса, која ја направила својата прва тетоважа во своите 20-ти, призна дека нејзиното новороденче никогаш нема да го види нејзиното вистинско лице, кое е целосно истетовирано.
Таа постојано зборува за мотивацијата зад нејзината уметност на телото, и тоа е пострашно отколку што многу луѓе би очекувале. Мелиса објасни дека нејзините тетоважи се нејзиниот начин да ги покрие „емоционалните лузни“ од ужасното сексуално злоставување од нејзиниот брат педофил.
„Моите тетоважи ми помагаат да ги покријам емотивните лузни кои Гевин ги остави зад себе“, рекла Мелиса.
„Тие се мојата маска и се кријам од светот зад нив. Но, сега кога конечно е во затвор, можам да почнам да се чувствувам слободна“.
Минатата година, Гевин Слоун конечно беше затворен по низа болни силувања и сексуални напади врз други деца.

Коментирај анонимно