10 луѓе споделија чудни случки со нивните партнери од кои ни се крена косата

Дури и ако искрено се грижиме за нашите партнери, тие сепак може да имаат досадни навики или повремено да нѐ изненадуваат со сосема неочекувани или вознемирувачки постапки. Клучот е да се запамети дека во семејниот живот, треба да ги прифатиме нашите значајни други со нивните чуда и уникатни атрибути, бидејќи тоа е она што нѐ натера да се заљубиме во нив на прво место. Но, сепак е многу важно и да знаете кога треба да БЕГАТЕ.

1.

Една вечер купив парфем, лосион и уште некои ситници за да ми стојат кај дечко ми. Сакав да ги ставам во неговиот плакар и кога отворив во едната фиока најдов цела топка моја коса.

2.

Мојот дечко се реши да се храни здраво и купи Хималајска сол. Ја пробав еднаш ама многу ми мирисаше на парфем. Имаше ужасен вкус па јас си купив обична сол.
Денес го погледнав од блиску паковањето што го купи тој, за да сфатам дека тоа е ХИМАЛАЈСКА СОЛ ЗА КАПЕЊЕ. Тој јадеше од таа сол веќе 2 недели.

3.

Наместо да ги измие садовите, мојот бивш дечко само ќе ги натрупаше. а потоа ги враќаше назад во висачите.
Еднаш прашав кај има тенџере, тој ми рече да проверам во фиоката.
Кога отворив и видов, го прашав зошто не ги мие садовите и тој едноставно рече дека не му се мие.
15 минути морав да го мијам тенџерето за да извадам се закоравено од него само за да можам да направам доручек.
Раскинавме.

 

4.

Мојот дечко од време на време се буди сред ноќ за да се смее на тоа што го сонувал.

Навистина ми е интересно дека тој е толку среќен со својот живот што дури и неговите соништа се пресмешни и успеваат да го разбудат.

5.

Една ноќ жена ми се сврте кон мене спиејќи, ми го допре лицето и 15 секунди зборуваше на Латински (го препознав јазикот, не зборовите), потоа се сврте назад и продолжи да спие.
Следното утро се колнеше дека не знае Латински.

6.

Маж ми дипломираше на правен факултет, го положи правосудниот испит и сега веќе стана адвокат.
Тој едуциран човек еден ден замина на работа без панталони.

7.

Кога жена ми го спремаше нејзиниот докторат, една ноќ се разбуѕдив во 3 само за да ја видам како го гали јорганот и се смее.
Ја прашав што прави и таа рече „Шшш немој да го вознемируваш мојот докторат, конечно е совршен“.
Јас реков „Срце тоа не е твојот докторат, тоа е јорган“
Одеднаш насмевката ја снема од нејзиното лице и почна неконтролирано да плаче, за после неколку секунди да падне во длабок сон.

 

8.

Жена ми зборува друг јазик додека спие. Непостоечки јазик, но целосно измислен од нејзина страна. Со јасна артикулација, формирани зборови, реченици, но едноставно не звучи како од овој свет.
Таа го прави тоа уште од кога научила да зборува.
Дури и одговара на прашањата додека спие..се разбира на другиот јазик.

9.

Додека се гледав со еден дечко, за Божиќ ми испрати честитка од нас двајца како скијаме. Само што ние никогаш немавме отидено на скијање. Тој нашол фотографија од мене, мојот бивш сопруг и децата и го фотошопирал неговото лице на неа.

10.

Кога ја возев мојата сега веќе сопруга дома после нашите први состаноци, одеднаш почнав да слушам чудни звуци.
Таа ме погледна и извинувачки ми рече „Некогаш така сакам да испуштам звуци“.
Па таа испушта чудни звуци за забава и јас мислам дека е преслатко.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *