„Украден „Ролс Ројс“- Маж ангажирал авион за да влече банер со којшто го бара украдениот автомобил на неговата сопруга
Бизнисмен од Флорида се „искачи на небото“ за да го најде реткиот „Ролс-Ројс“ на неговата сопруга, откако бил украден.
Боб Бењо (61), сопственик на „Aerial Banners Inc.“, бил толку огорчен од грабежот на 21 септември, што испратил авион над Мајами со необичен транспарент.
„УКРАДЕН ВИОЛЕТОВ РОЛС-РОЈС НАГРАДА…“, гласеше пораката проследена со бројот на мобилниот телефон на Боб.
Неколку минути откако неговата сопруга Олга Бењо (41) и нивните две мали деца пристигнале во нивната куќа на брегот, крадците упаднале во гаражата.
Малку по 15 часот, безбедносната камера на соседот снимила двајца мажи како одат по патеката, а потоа тргнуваат со автомобилот.
„Софистицираните кражби на автомобили неодамна го погодија луксузниот кварт“, рече Боб.
Детективите веруваат дека провалниците го клонирале далечинскиот управувач од гаражата. Крадците зад себе оставиле „Aston Martin Vanquish“ и „Chevelle“ од 1970 година.
Недостигал клучот од „Астон“ од 1.500 долари, а Боб се сомнева дека мажите прво се обиделе да го украдат спортскиот автомобил, но не можеле да сфатат како да го вклучат.
Откако неговата сопруга се јавила во паника, тој се јавил во полиција и побрзал дома. Еден човек се јавил од анонимен број и рекол дека го забележал „Rolls-Royce“ ставен на оглас на „Telegram“.
Истрагата влезе во ќорсокак се додека Боб не добил телефонски повик во 23:30 часот на 23 септември. Иако автомобилот бил неуништен, повеќе од 23.000 долари во скапоцености исчезнале, вклучително и чанта „Хермес“ од 18.000 долари, пар очила за сонце „Шанел“ и шал „Луј Витон“, се вели во полицискиот извештај.
Се верува дека провалниците, кои управувале со сребрен мерцедес, се поврзани со низа кражби на автомобили во населбата.
Коментирај анонимно