Тетовиранот „човечки сатана“ зависен од модификации на телото си отстрани три прста од рацете за да ги претвори во канџи. Ако мислите дека тоа е лудо чекајте да ја видите жена му

На Мишел „Диабао“ Прадо (49) од брегот Праја Гранде во близина на Сао Паоло во Бразил, му беа ампутирани два прста на десната рака, како и еден на левата рака.

Зависникот од модификација на телото ги сподели шокантните фотографии од неговата неодамнешна ампутација на десната рака на социјалните мрежи откако пред две години му го отсекоа првиот прст.

Прадо им кажа на своите обожаватели како се двоумел пред да продолжи со процедурата затоа што бил загрижен дека може да му ја уништи работата како уметник за тетоважи.

„На почетокот беше многу тешко, но не требаше долго да се вратиме во нормала. Понекогаш имам болка и фантомска сензација, која сè уште ме остава збунет кога работам или правам други работи. Но, навистина сакав да се променам себеси и сум многу задоволен“.

49-годишниот бразилски зависник од мастило е меѓу најпроменетите човечки суштества на планетата.

 

Тој моментално го држи Гинисовиот рекорд како личност со најсубдермални импланти „рог“ на главата, прикажувајќи 33 импланти кои драстично го промениле неговиот изглед. И имал безброј операции и мастила за да изгледа помалку човек.

Тој проценува дека имал повеќе од 60 процедури, а околу 85 отсто од неговото тело е покриено со мастило.

„Имам три љубови: мојата работа, вежбање со тегови и модификација на телото. Се грижев за првите две, но ја оставив мојата трансформација настрана“.

Откако го доби Гинисовиот рекорд претходно оваа година, тој рече дека неговиот „сон се остварил“.

„Тоа беше нешто многу посебно и надреално. Остварен сон да влезам во Гинис и да одам во Европа. Во неколку моменти бев емотивен, со солзи во очите. Искуство кое ќе го чувам засекогаш во моето срце и сеќавање“.

 

Минатата година, Прадо бил опериран за отстранување на прст на левата рака и вградување сребрени заби во устата, за кои вели дека чинеле само 5.000 бразилски реали, или отприлика 900 евра.

Тој исто така тврдеше дека е третата личност во светот на која ѝ е отстранет крајот на носот, во процедура која е многу опасна и за која не се познати долгорочните здравствени ризици. Тој исто така има четири рога од двете страни на главата и неколку импланти под кожата на челото.

 

На Прадо му беа отстранети ушите, носот, брадавиците и прстенестиот прст од левата рака, а повеќе од 80 отсто од неговото тело се мастило, вклучително и очното јаболко. Но, Прадо не планира да запре и се надева дека ќе се натпреварува за титулата најмодифициран човек на светот.

Тој е во брак со својата повеќе од 10 години партнерка, Керол Прадо, која е наречена „Mulher Demonia“ или „Демон Жена“ и е исто така екстремно изменета. Неговата сопруга е специјализирана за модификации на телото и исто така му помогнала да го постигне својот уникатен изглед.

„Мојата сопруга е специјализирана во областа на модификациите и идејата е јас да станам нејзино ремек-дело кога станува збор за тетовирањето!“

Прадо тврди дека има висока толеранција на болка и не му пречи да трпи поголема болка за да го постигне телото што го посакува.

„Всушност, имам добра отпорност на болка, мислам дека ништо не е толку болно, многу повеќе страдам во пост-процедурите“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *