8-годишното аутистично момче кое живееше само на Нутела и чипс конечно може да јаде нормално откако бил хипнотизиран
Роко О’Брајан, од Ипсвич, живеел на диета со чоколади, намаз од Нутела и солени чипсови Принглс во комбинација со млеко Несквик. 8-годишното дете врескало и се мачело кога и да му дале да проба друга храна.
Роко кој е аутистичен и има Нарушувањето со избегнување/рестриктивно внесување храна (AFRID), дури и би се расплакал доколку биде принуден да јаде пилешко или зеленчук.

Неговата мајка, Хајди, станала толку очајна за помош што контактирала со хипнотерапевт специјализиран за лекување на опсесивни состојби во исхраната. И по само неколку интензивни третмани, неговата исхрана сега вклучува десет нови намирници.
Хајди, 45, рече: „Тој не само што одбиваше храна, туку беше болен од неа. Не можевме да одиме во ресторани, тој не можеше да биде во иста просторија со храната. Мирисот, изгледот. Јас му ја отворав раката и ставав тестенини во неа, а тој само врескаше како да му ставам пајаци во раката. Тој има нарушување на сетилната обработка и неговите сетила се зголемени. Затоа е лесно раздазлив од храната. Се плаши да ја допре поголемиот дел од храната“
Роко, исто така, консумирал шишиња бебешко млеко до шестата година, признава г-ѓа О’Брајан.
„Отидовме на лекар, тие ни предложија Nesquik бидејќи може да има многу витамини. Професионалците не беа заинтересирани, тие беа ужасни. Наидов на ARFID и диететичарите и психологот се согласија дека е тоа. Јас сум мајка и гледаа како да е моја вина. Ми рекоа во основа да го изгладнувам. Водев битка со нив“.

Оние кои се погодени од ARFID можат да јадат само многу ограничен број на храна што не предизвикува сериозно одбивност. Бидејќи доколку ги притискате состојбата може да предизвика луѓето да повраќаат, да се задушат или да се плашат или вознемират околу храната. Се разликува од состојбите како анорексија и булимија бидејќи не е поврзана со сликата на телото. Наместо тоа, тоа е повеќе физичка аверзија кон храната.
Вообичаено, храната што ја јадат оние со ARFID вклучува основни јаглехидрати како што се леб и суви житарки, чипс, бисквити, чоколадо и јогурт. Луѓето со ARFID исто така можат да бидат многу конкретни за тоа кои брендови и вкусови им се допаѓаат.
Има малку веродостојни податоци за бројот на луѓе со оваа состојба, но прелиминарните студии сугерираат дека влијае на околу 3,2 отсто од општата популација.
Се смета дека ARFID станува очигледна до четиригодишна возраст – често кога се воведува цврста храна.

Хајдирече: „Тој има аутизам и многу деца со аутизам имаат беж диети. Тој навистина јадеше беж храна, суви крем крекери, бурбон бисквити. Потоа почна да јаде и чоколадо. Неговата исхрана е сендвичи со чоколаден крем Нутела, житарки Coco Pops, чипс Pringles. Зависи само што чувствува. Тоа може да биде две чинии Pringles наутро. Тоа може да биде Coco Pops во вечерните часови.
Хајди, која има уште четири деца со сопругот Крис (45), додаде: „Пред неколку недели кампувавме во караван парк и девојката во продавницата праша за Роко бидејќи се обидувавме да му најдеме нешто за јадење. Таа праша дали има ARFID и рече дека и таа го има, но сега е излечена по средбата со Дејвид. На Роко му резервирав сесија со него таа вечер.
„По само две сесии, тој проба бебешки спанаќ, јаболко, круша. Тоа се работи кои тој никогаш не би ги пробал“.

Вообичаено, потребен е интензивен и специјализиран пристап за третман за лекување на ARFID.
Но, третманите засновани на докази, како што е семејниот третман – за млади луѓе – когнитивната бихејвиорална терапија, интервенциите во однесувањето, како што е работата со изложеност и обуката за управување со анксиозност, се познати дека функционираат. Третманите, исто така, би можеле да вклучуваат лекови или управување со исхраната преку поддршка од диететичар и помош со сетилни проблеми.
Во меѓувреме, хипнотерапевтот Дејвид Килмури рече: „Беше чест да се сретнам и да работам со Роко и неговото семејство кои стигнале до овде, што е голем напредок за дете со аутизам. Роко беше многу опуштен и среќен што јадеше храна веднаш по хипнозата, задоволство беше да се види како јаде круши како да јадел цел живот“.

Коментирај анонимно