Оваа девојка заработува 5.000 евра месечно така што згмечува овошје со нозете
Една 28-годишна жена добива дополнителни 5.000 евра на својата сметка освен стандардната плата, така што продава фотографии од своите стапала и притоа правејќи малку „џем“ со нив.
Веруваме дека многу од нас би сакале да си ги фотографираме стапалата и пари да ни пристигнуваат на сметка, но девојката со псевдонимот Sweet Arches вели дека ова е „валкана работа“.
28-годишната работи во болница како асистент во салата за операции, но сепак посветува шест до 10 часа на ден на нејзината хонорарна работа, која подразбира забавување на следбениците на интернет. Во случај да не сте претпоставиле од нејзиниот избран псевдоним, Sweet Arches е дел од онлајн заедницата посветена на фетиши за стапала.
Таа изгради армија од 105.000 следбеници и продолжи со креирање профил на OnlyFans, каде заинтересираните можат да испраќаат пораки со барања.
Жената признава дека „не мислела дека може да заработи за живот“ од нејзините фотографии, но оттогаш таа добила цело богатство од посветените следбеници, кои бараат сѐ, од лижење на прстите на нозете, а особено популарно е гмечењето на овошје со стапалата.
„Некои обожаватели сакаат „обожување на нозе“, каде што се играм со нозете на камера. Еден клиент побара пар мои чизми. Многу луѓе со фетиш на нозе го сакаат смрдливиот мирис, но е супер тешко да направам стапалата да ми мирисаат лошо. Клиентот сепак беше среќен, иако мирисаше како мојата крема од кокос за нозе.“, вели Sweet Arches.
Сепак најчудното барање кое го добила од клиент не било поврзано со нозете, иако имало врска со „гмечење“: „Најчудното барање беше од некој што ме замоли да го прегазам во мојот автомобил! Реков апсолутно не. Ова е дефинитивно најлудото нешто што одбив да го сторам. Работејќи во болница, мислев дека ќе биде доста контра-продуктивно.“
Девојката со парите плаќа за своето дополнително студирање и вели дека работата ѝ е прилично профитабилна, затоа што во болницата заработува најмногу до 2.000 евра.