Маж кој пораснал без татко стана интернет ѕвезда за 6 дена откако почна да споделува „татковски туторијали“

„Тато како да …“ се четири збора на повеќето млади. Откако еден човек реши да направи „татковски туторијали“ за сите оние кои растат без татко овој човек од Вашингтон собра повеќе од 1,5 милиони претплатници за само шест дена. Таткото на Роб Кени го напуштил семејството кога имал само 14 години, поттикнувајќи го да се пресели заедно со неговиот постар брат како адолесцент. Иако е благодарен за поддршката од неговиот брат сепак многу му недостасувале совети од татко.

Децении подоцна, кога има сопруга веќе 29 години и две возрасни и успешни деца Роб најде начин како да им помогне на децата кои се во иста ситуација како што бил тој некогаш. Тој преку видеата ги учи на работи кои обично би ги научиле од нивниот татко.

Роб вели дека неговиот живот целосно се сменил откако видеата каде што покажува како да врзете вратоврска, да се избричите, да смените гума на автомобил и слично станале многу популарни и споделувани.

„Мојата цел во животот беше да одгледам добри возрасни луѓе. Никогаш не сакав да бидам богат. Никогаш не сакав да бидам нужно успешен. Мојата цел во животот беше да одгледувам добри возрасни луѓе – не добри деца, туку добри возрасни – затоа што имав скршено детство.“, вели Роб.

Нивните родители немале хармоничен брак откако се преселиле во друга држава поради работата на неговиот татко. Откако се развеле, таткото го добил старателството, но како што вели Роб тој не сакал да се преокупира со децата и ги напуштил. За среќа братот на Роб веќе бил возрасен па тој не завршил во дом за деца.

Роб и неговиот брат се смириле со нивниот татко кратко пред да почине на 80-годишна возраст. Роб веќе некое време размислувал да си започне сопствен канал на Јутуб, но отсекогаш нешто го спречувало. Сепак сега во карантинот имал доволно време кое го искористил за каналот и стана прилично познат.