10 незаборавни први состаноци кои не знаеме дали спаѓаат во страшно или урнебесно

Запознавањето може да биде ролеркостер од емоции, понекогаш, приказните што произлегуваат од тоа треба да бидат филмски заплети. Најдовме 10 незаборавни приказни за запознавање кои се некаде помеѓу страшно и урнебесно. Во секој случај, овие луѓе докажуваат дека светот на состаноци е како времето – секогаш се менува кога најмалку го очекуваме.

1.

Требаше да излезам со девојка која беше неколку години постара од мене. Отидовме на вечера, а потоа во клуб за комедии, каде што вечерта имаше импров настап. Вечерата беше океј, разговорот не беше нешто сјаен. Кога отидовме во клубот, комедијантите во моментот правеа скеч. И одеднаш рефлекторот ме осветли мене и еден од комедијантите бараше да се качам на сцена. Се качив, а девојката ме гледаше зачудено. Една работа водеше кон друга и на крајот завршив без маица, лазејќи меѓу хулахопи, викајќи наредби на комедијантите пред 200 луѓе. Подоцна од местото ми дадоа бесплатни пијачки. Таа едвај можеше да ме погледне и постојано ме прашуваше дали го планирав ова. Никогаш повеќе не ја видов. Кога не успеваш, барем потруди се тоа да биде спектакуларно.

2.

Мојот состанок на слепо ми даде на решам IQ тест како што седнавме. Кога виде дека пишува „добар резултат“, ми рече дека нема да може да излегува со мене затоа што сум многу паметна за него и на крајот ќе му го направам животот мизерен.

3.

Раскажуваше приказна кога ја голтнав водата на погрешен начин и почнав да кашлам. Пробав учтиво да ја искашлам водата, но безуспешно. Тој си продолжи да зборува, а јас се потрудив да се воздржам од кашлање. Солзи ми течеа по лицето, вода ми капеше по брадата, а јас удирав со сопствениот грб во залуден обид да ја извадам ѓаволската вода од мојот систем.

Тој продолжи да зборува.

Обидот да се задржи водата на почетокот беше лоша идеја. Не можев да престанам да кашлам. Се наведнав под масата, надевајќи се дека аголот ќе го олесни искашлувањето на течноста. Сите во целиот ресторан немо гледаа во мене. Освен дечкото, се разбира. Тој сè уште ја раскажуваше својата приказна.

Конечно завршив и се обидов да го слушам остатокот од неговата приказна. Немав поим за што зборува. Продолжи со својата анегдота не вознемирен од моето влажно, црвено лице и размачкана шминка. Кога конечно заврши, се извинив за кашлањето и му објаснив дека ја проголтав водата на погрешен начин.

На што тој одговори „Ах, се прашував што не е во ред со тебе“.

 

 

4.

Таа беше екстремно веганка. Не ми пречеше, дури и започнав разговор за вегански мајонез и леблебија. Таа претпоставила дека и јас сум веган и збесна кога виде дека нарачав лате, почна да ме нарекува лажго, убиец и измамник. Ми се изнавика пред сите и излета од ресторанот.
Потоа ја удавив мојата тага во пилешко.

5.

Св.Валентин 2013 година, се среќавам со мојата девојка после училиште со план да имаме убав состанок и да шетаме низ градот. Пристигнав со цвеќиња и чоколада и ѝ ги давам. Таа ми вели дека треба да биде некаде за 30 минути и си оди. 10 минути подоцна добивам порака „Извини. Му се вратив на Ангус. Фала за цвеќињата“.

 

6.

Разговарав со една девоја на Тиндер и се чинеше дека кликнавме многу добро, па се договоривме да се видиме лично.

Кога стигнав таму, беше како да зборувам со ѕид. Целото време го поминуваше на телефон, не ми поставуваше прашања и воопшто не се трудеше да разговараме. По 10 минути, таа рече „Ова не оди, си одам дома“ и замина.

За тоа возев 50 минути, а истото морав да го направам и до дома.

7.

Ме однесе во ресторан со 5 ѕвезди. Вечерата помина навистина добро, па решивме да одиме на пијалоци по вечерата. Стигнав до точка кога чувствувам дека треба да престанам да пијам бидејќи е прв состанок и не бев навистина подготвена тој да ме види пијана. Ми нарача уште една пијачка, а потоа ме покани кај него дома бидејќи неговата сопруга е надвор од градот.

Состанокот заврши.

 

8.

Ме одведе кај гатачка, која му рече дека нема да издржиме како двојка и дека ќе се разделиме. На 2 часа возење до дома, тој плачеше и рече дека не ја гледа смислата во запознавањето ако не завршиме во правилна врска. Сакав само да се извлечам од таму, но работите да бидат уште полоши, кога излезе надвор од мојата куќа, ме заклучи во своето комбе и не ме пушташе да излезам.
Потоа тој ме гледаше од неговото комбе околу 3 недели потоа и постојано ми ѕвонеше на телефонот за да не можам да го користам.

 

9.

Онлајн состанувањето во вашите 40-ти е непријатно. Го запознав типов на интернет (не беше Тиндер) и тој постојано ми велеше да ме однесе на вечера. Конечно се согласив и тој рече дека сака да ме однесе „некаде убаво“. Сега не знам за никој од вас, но кога ќе слушнам „некаде убаво“, за мене тоа вклучува убав ресторан. Се договоривме да се сретнеме на добро осветлен паркинг пред самопослуга и да одиме до ресторанот со неговиот автомобил. Надвор беше ладно, па облеков фустан и хулахопки и чизми со високи потпетици и отидов да го пречекам на паркингот. Тој застанува со мерцедес и се прашувам дали сум доволно добро облечена за каде и да одиме. Се поздравуваме и јас се качувам во неговиот автомобил, а тој вози низ паркингот– до Тако Бел drive-trhu. Не се шегувам. Ѝ пишувам пораки на ќерка ми тинејџерка и таа ми вели дека такви работи се случуваат само во филмовите. Непотребно е да се каже дека немаше втор состанок.

 

10.

Го зеде телефонот и се јави на бившата, потоа додека ме гледаше директно во очи, почна да ѝ зборува за тоа како сега излегува со некоја многу попаметна и поубава од неа, како таа никогаш не вредела, а нејзините родители биле губитници итн. Не ја познавав, не знаев дали заслужува таков третман и секако не сакав да биде следната третирана на тој начин.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *