Зошто мажот ја изневерил жената? (виц)
Жената се враќа порано од работа и го фаќа мажот во кревет со една многу згодна, млада девојка. Сопругата збеснува:
– Ти си свиња! Ништо не почитуваш! Како смееш да ми го направиш ова мене, на твојата верна сопруга!? Готово е, те напуштам! Барам развод веднаш!
Мажот ѝ одговара:
– Почекај седунда мила, барем да ти објаснам што се случи…
– Добро ајде – низ плачење му вели таа – Ама да знаеш дека тоа ќе бидат последните зборови што ќе ми ги кажеш!
И тој почнува:
– Се качувам во колата за да си дојдам дома и една млада госпоѓица ме замоли да ја префрлам до дома. Беше парталаво облечена и некапена и рече дека 3 дена не јадела ништо. Бидејќи ми падна жал, ја поканив дома да ѝ дадам нешто за јадење. Ја стоплив пицата којашто вчера цела вечер ја правев за тебе, а ти кога се врати не ја ни допре, за да не си се здебелела. Девојчето ја изеде за 1 минута. Потоа ѝ предложив да се искапе и додека се капеше ми текна дека ти подарив едни скапи фармерки пред неколку години, што не ги носиш, затоа што многу биле тесни и те стегале. Потоа ѝ ја дадов и долната облека што ти ја подарив за годишнината, но ти не ја ни облече затоа што сум немал вкус. Таа ептен се израдува. Ја најдов и секси кошулата што ти ја подари сестра ми за роденден, а ти за инает не ја носиш. И за да не оди боса ѝ ги подарив прескапите чизми што престана да ги носиш затоа што некоја колешка од работа си купила исти.
Мажот силно воздивнува и продолжува:
– На крај таа беше толку благодарна за моето разбирање и за помошта, па додека ја испраќав ме праша: „Имате ли уште нешто коешто жена ви не го користи?“
Коментирај анонимно