Мајка ги предупредува родителите: „Ненадејната промена во однесувањето на моето дете откри рак во 4-ти стадиум, на крај на памет ми беше дека може да е тоа“
Кога мајката Никол Доџ првпат ја забележала нејзината 2-годишна ќерка како чудно ја движи раката, таа никогаш не очекувала дека ќе ја добие дијагнозата што им ја кажале. Во 2022 година, таа забележала дека Натали ја користи само долната половина од раката. „Мислев дека сум луда“, сподели таа.

Првично, Никол се посомневала дека можеби е повреда на рамото. Сепак, симптомите продолжиле, поради што се одлучиле да побараат лекарска помош.
Лекарите рекле дека Натали најверојатно има рак.
Шансите за преживување на Натали биле само 50 проценти.

Четири дена подоцна, семејството го примило повикот со резултатите од тестот на Натали. „Тоа беше невробластом со висок ризик или стадиум 4. Тоа е засилен MYCN протеин, што значи дека нејзиниот тип на рак расте со 10 пати поголема стапка од редовниот невробластом“.
MYCN ја регулира активноста на другите гени со прикачување (врзување) на одредени области на ДНК и контролирање на првиот чекор од производството на протеини (транскрипција). Врз основа на ова дејство, овој протеин се нарекува фактор на транскрипција. MYCN генот припаѓа на класа на гени познати како онкогени.
Никол сподели: „Тоа беше во суштина најлошата прогноза што можевме да ја добиеме. Апсолутно се изгубив. Мојот сопруг и јас само отидовме во нашата спална соба и плачевме. Беше ужасно. Се чувствувавме како да немаше апсолутно никаква надеж во тој момент“. Доџ споделува дека онкологот ја известил дека дури и ако се залагаат за клиничко испитување, најдобрата шанса за преживување на Натали била само 50 проценти.
За среќа, нашле клиника која покажала висока стапка на излекување.

„Нашиот доктор влезе веднаш и рече дека има навистина одлични вести“, вели таа. Докторот ѝ кажал за друга клиника која водела студии и нивната стапка на преживување е над 80 проценти. И тие биле подготвени да ја примат Натали. „Целиот наш свет повторно се смени додека да трепнеш. И го погледнав мојот сопруг и реков: „Мораме да одиме“.
За помалку од една недела, Доџ и нејзината ќерка тргнаа на патување долго 1100 километри до оваа клиника каде поминале повеќе од 10 месеци на лекување.
Конечно, малата Натали се опоравила.

Конечно, по првите пет рунди на хемотерапија и имунотерапија, кај Натали немало докази за болеста.
„Тоа е навистина извонредно“, вели Никол. „Сум видела други протоколи во други болници ширум светот и нема толку многу деца кои имаат толку добри резултати толку рано во лекувањето на друго место, како што сум видела во оваа клиника“.
Доџ ја изразува својата благодарност до нејзиното семејство , пријателите и заедницата за нивната поддршка во текот на ова предизвикувачко патување, и таа наоѓа утеха во споделувањето на приказната на Натали на социјалните мрежи, која служи како потсетник за тоа колку далеку стигнале.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно