13 луѓе кои докажуваат дека никој не може да те полуди повеќе од твоето семејство

Членовите на семејството, оние поединци кои се врзани за нас со крв и заедничка историја, поседуваат неспоредлива способност да нѐ доведат до работ на лудилото. Некогаш само нивното присуство може да го тестира нашето трпение и границите на нашата издржливост. Од досадните родители кои постојано ги преиспитуваат нашите животни избори до браќата и сестрите кои никогаш не пропуштаат прилика да ги притиснат нашите копчиња, секое семејство се чини дека има свој уникатен бренд на лудило.

1.

Понекогаш сакам да се зае*абам со моето семејство и да ги кријам нивните работи каде што не можат да ги најдат.
Како на пример ги ставам нивните чевли во плакарот за чевли, нивната јакна на закачалка и нивните клучеви на куката за клучеви.

2.

Мојот сопруг и јас се јавивме на мојата мила, 85-годишна баба за да ѝ кажеме дека најдов нова работа.
Таа ми честиташе, разговараше малку, а потоа ја спушти слушалката.
Подоцна ми се јави да ми каже дека треба да отворам тајна банкарска сметка и никогаш да не му кажам на мојот сопруг за тоа.
Мојата баба е бестрашна жена.

 

3.

Кај мене во семејството ќе се испратат, ќе си кажат чао, и после тоа стојат уште 30-45 минути и си прават муабет.

4.

Еднаш разговаравме на камера со еден дечко со кој се совпаднав на Тиндер и во позадината ја гледам како влегува мајка му во собата облечена во спавача и со витлери на косата. Кога сфати дека се гледа истрча од собата врескајќи „Се надевам дека нема да се видиме никогаш повторно“ на шега. Сега ми е свекрва.

5.

Дали е лош знак што сликата од мојата венчавка што моите свекор и свекрва ја сакаат урамена не ме вклучува мене?

 

6.

Мајката на жена ми само што ѝ се јави на домашен телефон за да ѝ каже дека ќе ѝ ѕвони на мобилниот за да разговараат на камера.

7.

Му кажав на внук ми дека ќе му порасне лубеница во стомакот затоа што голтна неколку семки. Тој ме погледна и ми рече „Не, нема затоа што во мојот стомак нема сонце. Дефинитивно на факултет ништо не ве научиле“.
Тој има 7 години.

8.

Дали мислите дека вие имате лош ден?
Јас сум на шопинг со мајка ми И со свекрва ми.

9.

Велите дека насилството не ги решава проблемите. Тогаш може да ми кажете што треба да правам кога моите свекор и свекрва гребат со ножот и вилушката по чиниите?

 

10.

Го пропуштив поврзувачкиот лет и заглавен сум на Аеродром веќе над 7 часа. Но моите деца не се со мене, така да се ова ми се чини како спа третман.
Родителството те менува.

11.

Очигледно свекрва ми го прашала мажот ми дали нашата ќерка веќе „поминала низ нејзината метаморфоза“.
Сакав да викнам ДА СЕГА Е ЕДНА ОГРОМНА БУБАШВАБА.

12.

Маж ми ми рече да престанам да бидам пасивно агресивна кон свекрва ми. Но, без тоа ние би немале никаков однос.

13.

Во авионот ја прашав стујардесата дали може да сменам седиште затоа што седев до дете што вриштеше. Очигледно не е дозволено да се менува седиште, ако детето е твое.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *