„Јас сум француски сопруг – вистинскиот џентлмен секогаш треба да го прави ова на рандеву“

Самонаречениот Ле Францускиот сопруг на TikTok ги сподели своите совети за запознавање во ново видео во кое ги советува жените да внимаваат на овие знаци за тоа дали нивниот додворувач е погоден за брак – и кога е време да се откажат од лош состанок.

„Кога можете да кажете „следниот!“, напиша тој на видеото.

Неговиот прв совет е да се забележи дали овој човек ја презема одгорноста на состанокот, со тоа што ќе направи резервација, ќе ви каже/предложи каде да одите и ќе ја плати сметката.

„Ако има какво било двоумење да се плати сметкатаили предлог да се подели – речете „СЛЕДНИОТ!“, додаде тој.

За време на состанокот, вистински џентлмен ќе покаже почит кон својот гостин на вечера со тоа што ќе се појави на време, ќе ѝ го даде најдоброто место на масата, прво неа ќе ја послужува, ќе поставува многу прашања во разговорот и ќе одржува контакт со очите.

Додавајќи го очигледното: „Тој не треба да флертува со келнерката или дури да ја гледа на шармантен начин“, рече тој.

Тој исто така посочи дека и покрај се има некои работи кои се како јаготка на шлагот.

„Ноќно излегување без комплименти е како шампањ без меурчиња“, рече тој.

И секој вистински маж кој ако сака да помине уште време со личноста, не смее да чека да го планира следниот состанок. „Човек со елеганција секогаш треба да има предлог за следното рандеву“, рече тој.

Мажот изјави дека дава совети за запознавање затоа што запознавањето стана компчицирани, но некои безвременски принципи сè уште се валидни.

„Целта ми е да ја спојам француската софистицираност со некои искрени, приземни совети. Зборуваме за елеганција, но поврзана и вистинска“, додаде тој.

 

Па нормално овие совети ги воодушевија жените. Но и не потсетија на вистинските вредности што треба да ги имаат мажите.

„Амин!!! Го најдов мојот сопруг на 42 години со сите тие критериуми.😁“,

„Кога луѓето ќе ми кажат дека сум премногу пребирлива, само ќе им го покажам ова видео и ќе им кажам „СЛЕДНИОТ“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *