„Дали е возможно да се заразив со сексуално пренослива болест затоа што цела вечер ЈАВАВ механички бик?“

Популарна манекенка и инфлуенсерка се потсети на застрашувачкиот момент кога мислела дека се заразила со сексуално пренослива инфекција откако јавала механички бик.

 

 

 

Сензацијата на „TikTok“, Аликс Ерл, 22, објасни дека го јавала бикот во еден бар во Америка, што утредента довело до огромен страв.

„Во моето здолниште сум, летам наоколу. Го јавав тој бик најверојатно 20 пати тој ден, мислејќи дека тоа е најкул нешто што некој некогаш го видел“, изјави таа.
„Потоа си одам дома, се разбудам следното утро и гледам дека моите нозе се цели исфрлени“.

 

ж

 

Искуството на Аликс го привлече вниманието на водителките на „Outspoken the Podcast“, Ејми, Софи и Кејт Тејбер, кои понудија своја теорија за тоа што се случило.
„Ќе имам дива претпоставка овде, тоа е иритација од толку многу јавање на бикот, а не сексуално пренослива болест“, погоди Софи и нејзините сестри потврдија дека е во право.

Ерл рече дека брзо стапила во контакт со нејзината пријателка студентка која се занимава со медицина за помош и за среќа ситуацијата брзо била расчистена.

 

 

 

Тоа доаѓа откако Ерл стана вирална поради нејзината неверојатна трансформација, што доведе до повеќекратни обвинувања дека била „под нож“ за да го промени својот изглед. Уште во август, Ерл се справи со неконтролираните гласини за пластична хирургија на „TikTok“, затворајќи ги со шега: „Искрено мислам дека го оперирав носот во сон“.

Сега инфлуенсерката од Мајами повторно се соочува со обвинувања дека подлегнала на козметички процедури, откако сподели сега веќе вирален „TikTok“ на кој ја покажува нејзината нова фотографија од возачката дозвола заедно со старата.

 

Таа потоа објасни дека нејзината драматична трансформација се должи на комбинација од пубертет и филер за усни. И покрај тоа што ги негираше гласините за операција на нејзиното лице, русокосата „бомба“ зборуваше отворено за зголемување на градите, филерите за усни и ботоксот.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *