10 кратки вицови за долго смеење и повесел викенд
Со текот на годините, жените се подолго се шминкат, а межите се пократко се чешлаат!
– – – – – – –
Не е изгубен денот, поминат во пиење со другарите. Изгубен е следниот ден!
– – – – – – –
– Докторе, може ли да ја лекувам настинката со народна медицина?
– Може, ама и да мезиш…
– – – – – – –
– Вистина ли е дека колку му е помал на еден маж, толку му е поголема колата?
– Е… не знам, јас немам кола…
– – – – – – –
Врвот на машката верност: три пати женет, а љубовницата една иста.
– – – – – – –
Единствените закони кои реално важат во Македонија се законите на Марфи.
– – – – – – –
Статистиката вели дека по глава на жител, најмногу сини очи во Македонија има во Делчево за време на викенд.
– – – – – – –
– Како се вика феноменот во кој детето е високо со ниски родители?
– Влијание на животната средина.
– – – – – – –
Еден маж го прегрнува својот автомобил, ја бакнува хаубата и вратите. Тажно потплакува. Друг маж го прашува:
– Ќе ја продаваш?
– Не, жена ми зеде возачка!
– – – – – – –
– Што правиш пред да заспиеш?
– Мислам на тебе. На тоа колку те сакам. Ти?
– Јас си го вклучувам телефонот да се полни.
Super
Navistina smesni vicovi. Gi procitav site I se smeev. Ubavo e da smeete site zasto na toj nacin srceto se raduva I poarno e za celiot organizam. Mene zena mi stalno mi kazuva vicovi I se smeam.ako sakate moze I da pisuva vicovi da gi kazuva tie od zena mi pa da se smeeme site vo makedonija I po siroko preku ovoj pocuvan internet sajt. Vie ste navistina predobri I imate ubava sodrzina koja ke ve nasmee. Pozdrav do ohrid
Super
Коментирај анонимно