Жена што јаде тоалетна хартија вели дека тоа е „совршена ужина“ и додека сите сакаме трослојна, таа не се сложува баш

Многумина од нас имаат уникатни навики во исхраната кои на другите можеби им изгледаат чудни, но некои луѓе тоа го носат на друго ниво. Една жена од Чикаго по име Кина, јаде тоалетна хартија веќе 20 години и троши повеќе од илјада долари годишно за она што таа го нарекува „совршена закуска“ .

 

Според Кина, таа јаде „тоалетна хартија цел ден, секој ден, толку е добра“. Таа открива дека со себе носи ролна тоалетна хартија каде и да оди, иако понекогаш добива чудни зјапања и луѓето вадат телефони за да ја снимаат јавно. Таа дури има и омилена тоалетна хартија: еднослојнa, бидејќи е најлеснa за јадење.

Кина објаснува зошто јаде тоалетна хартија, велејќи: „Мислам дека копнеам за тоа затоа што го сакам начинот на кој се чувствува тоалетната хартија на мојот јазик, како се раствора кога ќе ми го допре јазикот“. Таа исто така објасни дека нејзината зависност од тоалетна хартија започнала кога морала да го напушти семејството на млада возраст за да живее со баба ѝ и тетка ѝ.

 

Нејзината навика да консумира тоалетна хартија не е без последици, како што вели Кина, кога јаде премногу од омилената ужина, добива стомачни болки и „тешко оди во тоалет“. Се надеваме дека има со што да се избрише..Сепак, нејзината состојба, која се нарекува „ ксилофагија “ (нарушување на јадење хартија) не ја загрижува Кина. „Секој има свое чудно нешто што го прави да биде таков каков што е и ова е само моето“.