„Најдов стар бургер од Мекдоналдс во мојот автомобил – го удрив со чекан и бев шокиран“
Еве уште една потенцијална изложба за неофицијалниот музеј на Мекдоналдс: Фановите на брза храна се чудат поради „фосилизираниот“ чизбургер на Мекдоналдс кој изгледа совршено сочуван и покрај тоа што со години бил оставен во автомобилот.
Никогаш повеќе нема да јадам Мекдоналдс“, изјави Камерон Холанд.
Механичарот од Бризбејн, Австралија, наводно, го нашол бургерот зад резервното тркало во багажникот на 12-годишната Toyota Camry на која работел.
Тој процени дека е старо помеѓу 1 и 3 години поради фактот што резервното тркало изгледа како „никогаш да не било поместено“.
И покрај седел во багажникот цела вечност, хамбургерот шокантно изгледал како да е „свеж од Мекдоналдс“, освен за еден мал детал – тој бил „тврд како цемент“, опиша Холанд.
Тој објасни дека скаменетото месо има само малку мувла и не било „ни пипнато од мравки“.
На видеото кога го удира бургерот, парчето месо се распарчува на половина како плочка од тоалетот. Истото се случи на лебот кој според Холанд повеќе наликувал на бисквит.
Изненадувачкото откритие уште еднаш ги потсети корисниците што внесуваат во себе кога јадат брза храна, а посебно од Мекдоналдс.
„Мислам дека најлудиот дел е што ниту бубачките не го јадат!“
„Многу е загрижувачко дека нема ни мувла. Во тој случај што јадеме?“
Мекдоналдс сепак го брании својот продукт и се гордее дека нуди производи со одличен квалитет.
„Нашата храна е направена да се консумира при купување или испорака за да се обезбеди квалитет и свежина“, велат претставниците во изјавата.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно