Чудно, но вистинито: Музејот на Универзитетот во Мичиген сега е дом на најголемата колекција на змии во светот. Па, дали би го посетиле?
Универзитетот во Мичиген се искачи на првото место со најголемата колекција на змии во светот. Државниот универзитет во Орегон неодамна му подари на Музејот за зоологија при универзитетот во Мичиген 45.000 примероци на влекачи и водоземци. Над 30.000 од нив биле змии, што речиси ја удвои истражувачката колекција на училиштето и ја стави во книгата на рекорди. Колекцијата не е отворена за јавноста, но достапна за научниците од целиот свет.

„Овие примероци претставуваат биолошка „временска капсула“, каде што истражувачите можат да се вратат назад за да ги разгледаат популациите на животни од пред неколку децении за да ја разберат нивната генетика, нивните болести и други работи“, рече кустосот и еволутивен биолог Ден Рабоски.
„Зошто треба да се грижиме за ова?“ продолжи тој. „Па, ако сакаме да разбереме како работите се менуваат со текот на времето, како на пример како болестите се шират низ животинската популација, еден од најважните видови податоци се овие биолошки временски капсули“.
Учениците за прв пат поминаа дел од денот отпакувајќи ги примероците.
„Значи, можеме да научиме многу за тоа што се случува во природните екосистеми, во популациите на самото место, што е еден аспект од тоа“, биологот.
Рабоски рече дека колекцијата им овозможува на научниците да разберат како видовите се менуваат со текот на времето и се прилагодуваат на долгорочните промени, како што се времето и климата.

„Значи, додека податоците се „змии“, нивната важност е навистина многу поопшта бидејќи можеме да ги користиме како модел за разбирање на многу покомплицирани биолошки процеси“, рече тој. „
Тој рече дека не треба да се гледа на ова како „стереотипна просторија за складирање“ што многумина ја поврзуваат со музеите.
„Колекцијата е повеќе како „џиновски научен инструмент“ како телескоп или забрзувач на честички“.

„За науката за медицината, ние често користиме традиционални лабораториски стаорци или глувци за да одговориме на прашања. Но, во светот надвор од лабораторијата, во природата, работите што можеме да ги научиме од лабораториските животни не мора да важат“, рече Рабоски. „Имањето на оваа база на податоци за змии ќе им овозможи на истражувачите да одговорат на некои од „големите прашања“ за тоа зошто животот на Земјата е таков каков што е; како животните се прилагодуваат на новите услови; како се формираат нови видови/ животни“.
Теглите содржат повеќе од змии. Гуштери, саламандри, тритони, жаби и желки заедно со филмови за природата, лабораториски белешки и теренски тетратки во суперладни замрзнувачи и кутии.
Според училиштето, збирката претставува цел животен труд на двајца неодамна пензионирани професори од државата Орегон.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно