„Лесно е да се бидеш добар кога си богат, пробај биди добар и љубезен кога си слуга“ – На 7-ми ноември претставата „Слугинки“ ќе го започне својот живот

Претставата „Слугинки“  зборува за виорот кој го зафатил денешниот свет, каде лесно човекот се губи себеси, своите вредности и станува еден сосема нов организам, толку нов што се чини и деформиран. Оваа претстава ни покажува примери за тоа како општествената позиција, ситуираноста и хиерархијата влијаат на нас. Дали си слуга само кога до тебе има господа ? Ова е претстава за двојноста на човекот, кој чекори на ивицата на гротеската и реалноста.

 

Каде во оваа денешна голема игра за моќ се губи еден човек кој само мечтае за подобро утре и дали тој воопшто има место под сонцето денес?! Дали и колку човекот може да остане добар и чесен кога се наоѓа најдолу на пирамидата на хиерархијата?

„Лесно е да се биде добар кога си господар, пробај биди добар и чесен кога си слуга“

Кога во оваа голема игра и претстава, животот станува за час посилен од се и става еден свој крај, или можеби различен почеток.

Претставата „Слугинки“ од Жан Жене е во режија на Теодора Силјаноска, а премиерата ќе се одржи на 7-ми ноември во Јавна соба (Public Room). Во претставата играат Марија Цветановска, Кристина Гиева и Ванеса Тримчевска.

Билетите се по цена од 300 денари и може да ги резервирате на 078 427 144 или 075 351 241 или пак да ги набавите онлајн преку следниот линк: kupikartizase.com.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *