Слушнете ја новата и последна песна на Битлси: Песна која се спремала 5 децении и благодарение на AI сега успеа да се заврши
Патувањето на „Now and Then“ се одржа во текот на 5 децении и е производ на разговори и соработки меѓу четирите Битлси.
Долгото митологизирано демо на Џон Ленон првпат беше работено во февруари 1995 година од Пол, Џорџ и Ринго како дел од проектот Антологија на Битлси, но остана недовршена, делумно поради невозможните технолошки предизвици вклучени во работата со вокалот што Џон го снимил на лента во 1970-тите.
„Правењето добра музика во бенд е се до хемијата. Начинот на кој четирите различни карактери се комбинираа во Битлси беше нешто навистина специјално. Кога го изгубивме Џон знаевме дека навистина е готово. Но во 1994 се појави една интересна можност. Можност да создаваме уште музика заедно“ – раскажа Џорџ.
„Кога и да правевме нешто се знаеше дека е и Џон дел од тоа. Зборував со Јоко и таа рече „Ох мислам дека имам една касета од Џон. Бевме многу возбудени – Нова песна со Џон! Прекрасно! Можевме да го искористиме гласот на Џон и да успееме да направиме песна“
„Џорџ и Ринго дојдоа кај мене во студиото. Ја слушавме касетата. Тоа беше Џон во неговиот апартман во Њујорк свирејќи на пијано и пеејќи некое демо. Дали е ова нешто што не треба да го правиме? Секој пат кога ќе го помислев тоа си велев „Чекај малку“. Да речеме дека имам шанса да го прашам Џон „Еј Џон дали би сакал да ја завршиме твојава песна?“ И го знам одговорот „Да, сакам!“ – раскажа Пол.
„Но кога почнавме да работиме на песната, беше малку тешко затоа што гласот на Џон беше скриен на некој начин. Пијаното беше појако и не можевме да извадиме чист глас на Џон“. – објасни Ринго.
За жал во 2001 го изгубиле Џорџ и работата повторно се одложила. Со години изгледало како песната никогаш да не може да се заврши. Но, во 2022 година работите се смениле. Софтверскиот систем развиен од Питер Џексон и неговиот тим, користен во текот на продукцијата на документарната серија „Get Back“, конечно го отворил патот за одвојување на вокалот на Џон од неговиот пијано дел. Како резултат на тоа, оригиналната снимка можела да се оживее и да се работи одново со придонеси од сите четири Битлси.
Оваа извонредна приказна за музичката археологија ја одразува бескрајната креативна љубопитност на Битлси и заедничката фасцинација со технологијата. Тоа го означува завршувањето на последната снимка што Џон, Пол и Џорџ и Ринго ќе ја направат заедно и го слави наследството на најистакнатиот и највлијателниот бенд во популарната музичка историја.
Коментирај анонимно