Македонска девојка на денот: Ива Спасовска
Ива Спасовска е 33 годишна модна дизајнерка од Скопје. Таа својата креативност целосно ја посветува на креација на модни парчиња, која секоја жена сака да ги поседува во својот плакар. Нејзините модни парчиња се дел од модното студио „Ива Спасовска ателје“ кое веќе со години постои и краси многу Македонки.
Таа е позната по својата соработка со многу македонски убавици, а честопати и таа самата е модел на своите креации. Згодна, шармантна и привлечна, Ива е посебна девојка, како и нејзиниот стил.
На „Инстаграм“ може да се пофали со околу 40.000 следбеници, а фотографиите за денешната статија ги позајмивме токму оттаму.
Нам ни се допаѓа она што Ива го прави и целосно ја има нашата поддршка!
Prekrasna devojka
Коментирај анонимно