Украинката со „најголемите образи на светот“ се отвори за своите здравствени проблеми: „Имаш циста во главата!“, беа коментарите на нејзините „хејтери“
34-годишната украинска манекенка Анастасија Покришчук со ненормално големи јаболчници проговори за здравствените проблеми. Украинката претрпела многу пластични операции и, како што тврди, стана сопственичка на „најголемите образи на светот“.
Покришчук призна дека веќе „изгубила сметка“ за бројот на козметички зафати што ги направила. Манекенката често споделува детали од нејзиниот личен живот со обожавателите. Таа неодамна на интернет ги објави резултатите од прегледот кој го направила кај гинеколог. Се испостави дека на Покришчук и била дијагностицирана циста. Туморот е безбедно отстранет, но сега Украинката ќе мора да оди на втора операција поради дисплазија – преканцерозна промена во клетките што ја сочинуваат слузокожата на грлото на матката.
Во моментов не е јасно дали болеста е поврзана со хормонални проблеми. Меѓутоа, таа пријавила дека има проблеми со плодноста и се пожалила дека никогаш нема да може да роди дете. Многу претплатници ја изразија својата поддршка за Покришчук. Корисниците и посакаа здравје и ја нарекоа храбра личност. Сепак, имаше и луѓе со лоши коментари кои почнаа да ја навредуваат Украинката и рекоа дека има „циста во главата“.
Манекенката првпат прибегнала кон естетски зафати и пластични операции на 26-годишна возраст. Покрај редовното вбризгување филер во пределот на јаболчниците, таа го коригирала и својот изглед со вградување фурнири, инјекции со ботокс, менување на обликот на брадата и вилицата, како и пластична операција на телото, особено липосукција. Таа во јули ги исплаши фановите со нова операција. Манекенката вметна импланти со максимална големина во градите и беше задоволна од резултатот.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно