„Мојата сестра не може да има деца и сака да го третираме нејзиното куче како мојата ќерка. Тоа што го направи кај татко ми на роденден ги премина границите. Дали сум во право дека така изреагирав?“
„Пред неколку години, јас и маж ми добивме прекрасни вести дека сум бремена, што беше остварување на сонот за нас затоа што отсекогаш сакавме да бидеме родители.
Отприлика истото време сестра ми откри дека пробувале долго време да зачнат бебе, но дознала дека не може да има деца. Сите бевме навистина скршени за неа.
Пред некое време, сестра ми и зет ми посвоија куче и го крстија Лола. Ја третираат како вистинско дете. Сестра ми дури и даде отказ од работа за да поминува повеќе време со своето куче. Проблемот е што Лола е кошмар од куче. Постојано лае, гриза луѓе и краде храна. Како врв на се, сестра ми и зет ми почнаа да велат дека Лола е првото внуче и првото женско во семејството.
Секогаш ги споредуваат мојата ќерка и нивното куче и очекуваат да го третираме кучето исто како ќерка ни. Сестра ми се навреди дека кога ја посвоија Лола, помалку луѓе ѝ честитаа отколку мене кога ја родив ќерка ми.
Вчера бевме поканети на роденден кај татко ми. Татко ми ја замоли да не ја носи Лола затоа што тој е алергичен на кучиња. Сестра ми се налути и рече „Зошто тие може да го донесат нивното дете, а ние не можеме да ја донесеме Лола?“
Не можев повеќе да издржам и пукнав „Затоа што Лола е куче, а мојата ќерка е вистинско бебе. Не се исто“.
Таа почна да плаче и сега не зборува со мене. Но јас навистина не можам да го поднесам постојаното споредување на ќерка ми со нејзиното куче.
Дали сум во право?“
Ливадарска работа. Посвоете дете да ве ебм
Коментирај анонимно