Што ти значи кога имаш „њух“ за бизнис, а комшиите ти го реметат: Бесна газдарица открива како дознала дека нејзиниот станар заработува ЧЕТИРИ ПАТИ повеќе од неа со нејзиниот стан

Една лондонска газдарица која го давала под ќирија нејзиниот стан со две спални соби, се фрапирала кога открила дека наместо да живее во него, станарот го издавал на AirBnB и ги ставал во џеб превисоките такси што ги наплаќал.

 

Фиона Вили го купила својот стан во 2004 година за 542.000 евра, но во 2019 година се пензионирала предвреме и се преселила во Шкотска да се грижи за нејзината мајка – ставајќи го нејзиниот стан на пазарот за изнајмување за 2.500 евра месечно.

Откако пронашла закупец, Фиона влегла во рутина и гледала како парите доаѓаат секој месец, не знаејќи дека тој самиот го издава станот.

Таа дознала за измамата дури кога ѝ се јавила нејзината сосетка, барајќи објаснување зошто има толку многу луѓе кои постојано доаѓаат и си одат од нејзиниот стан. Таа потоа го открила својот имот на огласот AirBnb полн со низа високи цени и целосни слики од внатрешноста на станот.

Фиона откри дека немала поим за тоа и била принудена да се бори за да го избрка.

Таа рече: „Некое време не се сомневав во ништо. Дури кога мојата сосетка рече дека гледала како различни луѓе постојано доаѓаат и си одат од станот сфатив дека нешто не е во ред. Потоа видов дека станот е огласен на AirB&B. Тој наплаќаше повеќе од 300 евра за едно ноќевање во станот. Тој ја претворил дневната трпезарија во спална соба за да може да ја продаде како три спални. Исто така го имаше ставено на располагање цел месец мај по цена од 8.600 евра. Тој заработуваше повеќе од станот отколку јас!“

 

Откако сфатила што се случува под нејзиниот нос, Фиона тргнала во акција и ја започнала напорната задача да се оттараси од станарот.

Таа рече: „Веднаш му испратив известување за иселување со помош на мојот агент за недвижнини, во кое му кажав дека во договорот не смеел да го подзакупи мојот имот и затоа е во спротивност со договорот. На крајот го избркав по судски налог и тој си замина минатиот петок. Мислам дека овој човек беше сериски измамник. Тој ќе ги таргетира имотите каде што сопствениците живеат во странство или далеку и знаел дека може да се извлече со тоа“.

Поуката од приказнава е дека ако комшиите не зафкрнат работа, никој нема…

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *