Наставничка од Охајо во солзи открива детали за својата плата: „Едвај врзувам крај со крај, останувам без пари за ХРАНА откако ќе ги платам месечните трошоци“

23-годишната Лекси Фирмент, наставничка по природни науки во средното училиште Блуфтон во градот Авон надвор од Кливленд, снимила видео од својот автомобил во кое ги навела нејзините големи трошоци и сфатила дека „не може“ да си ги дозволи трошоците со оглед на тоа колкава ѝ е платата.

„Јас сум наставничка и едвај можам да си дозволам да плаќам кирија со мојата плата“, започна таа, изјавувајќи дека нејзината „двонеделна“ плата е всушнсот колку нејзината ќирија, само минус 500 долари – што значи дека и остануваат 500 долари секој месец после плаќање кирија.

„Погодете колку ме чини автомобилот? 400 долари. Погодете колку е осигурувањето? 100 долари. Ох, да, така е. Вие правите математика. Останувам да должам пари на крајот на месецот. А уште не сум стигнала до намирниците“, додаде таа.

„Само што сфатив дека всушност ќе се задолжам ако продолжам да бидам учителка. Како, искрено. Искрено. Леле. Буквално имам криза во моментов. Буквално ќе имам напад на паника во моментов… Буквално не можам да го сторам ова. Немам пари… Не знам како ќе ја платам мојата кредитна картичка овој месец“.

 

Лекси, која дипломирала на колеџ во мај 2022 година, е во втора година на настава.

Според Indeed.com, наставниците со искуство од една до две години во Авон, Охајо, во просек заработуваат нешто повеќе од 40.000 долари годишно. По даноците во државата, ова би го направило плаќањето на вработениот за дома нешто помалку од 1.350 долари по полумесечна плата.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Tesibakosaka напиша:

    Zemi toj djipot vgas napikajsi go .
    Zema plata 40000 a vozi kola od 50000. Um vo ta crpkata jok. Djabe diplomata

  • aneta напиша:

    ako ti e mala platata prefrli se na onlyfans

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *