Како изневерените жени се одмаздуваат: „Неговата покојна мајка ми имаше дадено тајни рецепти за совршена пица, тој ми ги побара назад за неговата нова девојка да му готви, тогаш знаев што треба да направам“
Џен Леј од Илиноис тврди дека мајката на нејзиниот поранешен партнер ѝ дала рачно напишани упатства за тоа како да прави тесто за пица пред неколку години – многу време пред таа да почне да се гледа со него. Таа му кажала на својот поранешен Џо, за рецептите за време на нивната тримесечна врска, но тие се разделиле откако тој признал дека се гледал со друга жена.
Сепак Џен почувствувала како некој повторно да ѝ го крши срцето откако Џо ѝ пишал затоа што ги сакал рецептите од мајка му назад, за неговата нова девојка да му направи пица. И таа не можела да се помири со тоа, па наместо да ги врати Џен одлучила како одмазда да ги стави тајните рецепти на Интернет за да можат да ги видат илјадници корисници на социјалните мрежи.
Некои корисници ја пофалија за одмаздата додека некои ја критикуваа дека е сурова. Пред се затоа што одмаздува со рецептите на неговата покојна мајка.
„Колку и да звучи ова сурово, има многу повеќе од рецептот. Кога слушнав дека тој сака да го врати беше како да земал скалпел и да ми отвори лузна. Навистина повторно болеше толку многу. Ми ја скрши довербата. Отпрвин почнав да липам и се чувствував како некој да ми заби нож во срцето. Беше длабоко чувство на тага што мислев дека го оставив зад себе, но веднаш се врати. Кога сфати дека сѐ уште ги имам рецептите, реши дека сака да се извини за тоа што ми го направи. Само за да ги добие назад. Тоа беше манипулација. Знаев дека навистина не му е жал, па си помислив: „Зошто да му го дадам?“ но ако нешто од мајка ми кај него и јас би го посакала тоа. Немам право да не му го дадам, но во исто време таа ми го подари. Рецептите вредат. Пицата е највкусната што сум ја јадела“.
Џен вели дека нејзината врска со Џо завршила кога видела порака од друга жена во која му се заблагодарува што „ја потсетил колку му значи“. А Џо се сетил дека Џен ги има рецептите кога неговата нова девојка сакала да му направи пица и тој ѝ рекол дека не е толку добра како онаа на мајка му. Па затоа ќе ги земе рецептите за да му направи таква.
Иако некои не се сложуваат со Џен таа рече дека одмаздничкиот потег ѝ помогнал да се помири со навредливата ситуација.
„Со тоа што го објавив онлајн успеав да добијам поинаква перспектива. Не се чувствувам виновна што се на Фејсбук. Ме натера да сфатам дека ако сакам да го споделам со него, тогаш секој треба да го има. Можеби тоа не е најдобриот начин за тоа. Но, тоа ми помогна да ја поминам целата таа траума и ми помогна да се чувствувам поудобно со идејата да се откажам од рецептите. Луѓето посегнаа и ми се заблагодарија што го споделив и едвај чекаат да го пробаат. Тоа е позитивно од целата оваа ситуација“.
Коментирај анонимно