Претставата „Слугинки” премиерно изведена на сцената на Јавна Соба


Претставата е за виорот кој го зафатил денешниот свет, каде лесно човекот се губи себеси, своите вредности и станува еден сосема нов организам, толку нов што се чини и деформиран. Претставата покажува примери за тоа како општествената позиција, ситуираноста и хиерархијата влијаат на нас. Дали си слуга само кога до тебе има господа?



Ова е претстава за двојноста на човекот, кој чекори на ивицата на гротеската и реалноста.
Каде во оваа денешна голема игра за моќ се губи еден човек кој само мечтае за подобро утре и дали тој воопшто има место под сонцето денес?!
Кога во оваа голема игра и претстава, животот станува за час посилен од се и става еден свој крај, или можеби различен почеток.
Проектот е поддржан од Министерството за Култура.

Коментирај анонимно