„Ја видов главата на девојка ми во неговата уста“ – Девојка касната од алигатор додека нуркала во река во Флорида
Една жена од Флорида била касната во главата од алигатор долг 2.7 метри додека нуркала во рекреативната зона Александар Спрингс за време на викендот.
Мариса Кар нуркала со своето момче Шејн на 5 ноември кога алигатор ја каснал по главата. Фотографиите покажуваат дека Кар крвари од главата додека алигаторот плива во позадина.
Таа веднаш била пренесена во блиската болница откако Комисијата за зачувување на рибите и дивиот свет на Флорида одговорила на повикот добиен од паркот. Ловец на алигатори исто така реагирал на местото на настанот и го извлекол алигаторот долг 2.7 метри од водата.
„Ја тргнав маската и се свртев и видов две мали очи како излегуваат од водата. Во тој момент не ме болеше толку многу. А потоа кога истрчав назад и видов што е, тогаш почнаа болките“.
Шејн го опиша моментот: „Само што слушнав прскање вода и се свртев за да се уверам дека е добро. И само што видов алигатор. Ја видов нејзината глава во неговата уста“.
Рекреативната зона Александар Спрингс е единственото место во националната шума Окала каде е дозволено нуркање. Кар рече дека целиот инцидент се случил за неколку секунди и таа не ни сфатила што се случило. Таа објасни дека носела маска за нуркање на целото лице, а не само очила за пливање, во спротивно верувала дека повредите би биле многу полоши.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
dobro e sto ne ostanala bez glava
Коментирај анонимно